е аман бре филип, и тебе ли те мрзи да читаш? Ова што го зборуваше Џиџи е точно, ама и само ама кога се работи за моќност преставена во коњски сили(механички чинам) и вртежен момент во фунти по стапка. Линеарната врска за киловати и њутнметри е негде над 9500, за коњски сили и њутнметри е негде 7000 и кусур, ме мрзи да барам.
Просто, моќноста се пресметува како вртежен момент помножен со вртежи во минута, врз некој линеарен коефициент. Ако вртежите се исти со линеарниот коефициент, тука се сечат кривите. Секако, ако ги преставуваме на ист графикон (една оска за вртежи, една оска делат моќност и вртежен момент).