Kako i da vrtite sto i da vrtite rezimeto e edno 1.4l atmosferec-trom avtomobil.Znam deka nikoj ne bi kupil 1.4l dokolku tuka ne zavrsuvaat negovite moznosti.Mene me cudi edna rabota da go zememe primer djiji potrosi toooooooooolku mnogu pari na kolata,filtri,chipuvanja,doponitelna oprema (mislam na ricaro sedista i uste nekoi sitnici plus),nekolku pati patuvanje do Srbija,denovi i nedeli pominati vo baranje na nekoe resenie koe ke mu ja isturka astrata malku podobro...
Koga ke se napravi eden zbir ne li bi bilo pologicno od start da si zemese drugar 1.6 so 115hp i da gi resese site tvoi potrebi.Bidejki ne uste malku "evrence plus" i da mu bapnes uste 2000 eu plus nikogas nema da moze astrata 1.4l da bide ni blisku so 1.6l .Mislam ne go sfakaj ova kako provokacija,ja pocituvam tvojata zelba,entuzijazam i ljubov kon kolite ama koga ke vidam kolku pari frlas za mali pridobivki razumot me tera da se zaprasam zasto ne zede 1.6l Duri i odgovorot da e deka si gi nemal vo toj moment tie plus 2000eu kolku sto bila razlikata,mislam deka na dobar pat si da gi dades i pak ke go nemas toa zabrzuvanje koe go posakuvas.Pozz i ne me sfakaj pogresno samo edno moe razmisluvanje
Види, одвај дојдов и до тие пари со кои ја купив 1.4, а сакав да биде максимално опремена, зошто сметав дека боса кола е како жена без цицки
2000 евра беа сон тоа време за мене, иако искрено желба ми беше 1.6 варијантата. Немав дури ни 500 евра за IDS+ со Спорт копче, кое многу ми значи (Sprint boosterот e всушност нешто слично, само што ваму би добил и променливо вешање, подиректно управување, поспортски изглед и тн.). Имаш право кога збориш за ентузијазам, јас веќе ја купив колата и назад нема, нити имам шанси во догледно време да ја сменам, ама затоа можам сукцесивно да ја надградувам и уживам во непреспаните ноќи со сурфање по интернет во потрага за тоа како да го подобрам и усовршам тоа што веќе го имам, а воедно и учам самиот. Не се работи за бог знае колкава пара, а се дава откако ќе се собере, нели. Најодговорно ти тврдам дека во моментотв состојбата на колата во однос на перформансите е многу блиска со таа на 1.6, а за потрошувачката и да не зборувам. Сведок за ова може да биде и marsher како најкомпетентен и како најдобар познавач на Опеловите возила. Претходните времиња за забрзување ги имате и може да ги споредите со останатите конкуренти, а се стремам и тие да ги подобрам т.е. да дојдам до 10 сек. 0-100км/час, што и не е невозможно со адекватна големина на гуми и уште некои надградби (без замена на брегастите). Пред се, како што впрочем и претходно имам спомнато, аутото ми е фамилијарно и затоа е земено со 5 врати и го возиме јас и сопругата. Брат ми има иста Астра само GTC, на работа имаме службена идентична со мојата, а имам возено уште две-три такви, филингот е апсолутно различен во смисол на перформанси, звук, комфорт и тн. 1.6 немам возено, а баш би сакал и интересно е што на наш пазар се нудеше верзијата со 115 коњи, а не и со 105 КС, која можеби ќе беше поадекватна имајќи ја во предвид економската состојба. Како и да е, не се каам воопшто за одбраниот модел, ниту се вреѓам од коментарите, напротив баш сум задоволен секој ден све повеќе, како гледам дека полека ама сигурно отскокнувам од останатите компакти со слични перформанси. Дај боже да оздравам побрзо и да се видиме на собирот, да се уверат сите скептици дека трудот се исплаќа. btw секогаш ги спојував задоволствата - првиот пат одев за Германија и свртев накај Ужице да се видам со Саша, пред се пословно пошто од претходно бевме во преговори за негово застапништво тука во МК (јас сум електроинженер и работам како сервисер за медицински и индустриски апарати во една приватна фирма со 16 год. искуство), а вториот пат ми беше предизвик да ја ставам на Дино, како и на секој ентузијаст нормално, спојувајќи го задоволството едно со друго - прв пат после 16 год.брак да отидеме сами без деца некаде и тоа таман беше Прочка, а не сум баш безгрешен
воедно викендот на Златибор беше и како едно изненадување за 8-ми март, нели
Поентата ми е дека не се трудам очајнички да си го решам „проблемот“ за тромоста на моето возило, туку се работи едноставно за предизвик, а до 2000 евра колку што беше разликата имам уште фора да го монтирам најсовремениот плински уред од Плимонт кој е нешто над 1000 евра мислам и ако не друго гориво бар за некое време