...
Некаде низ темава имав пишувано релација со која се вози низ Словенија, ама немаш потреба од словенечка вињета. Ако одиш преку Љубљана - Крањ - Караванки, ќе мораш да си купиш словенечка вињета и да платиш за караванки тунелот 8 евра.
Словенечка вињета 15 евра - 7 дена.
Хрватска: Бајаково(Липовац) - Загреб 128 куни, цирка 18 евра. Загреб - Мацељ (ако влегуваш преку Птуј) уште 7-8 евра патарина. Ако влегуваш преку Вараждин-Чаковец (дестинацијата по која нема да ти треба вињета) уште 4 евра. Ако влегуваш преку Брегана (Ново Место Словенија) уште едно евро.
Австрија 10 дневна вињета 8,90 евра.
Србија: Прешево 80 динари, Лесковац 210 динари, Ниш-Белград 800 динари. Белград - Шид 370 динари. Белград-Суботица 320 (или 340 беше).
Унгарија: 10 дена околу 11 евра.
Јас би одел вака:
Скопје - Белград - Шид - (влез во Хрватска)Батровци/Бајаково - Загреб (земаш насока према Унгарија) - Вараждин - Чаковец - (Влез во Словенија)Ормож - Љутомер - Раденци - Горња Радгона - (Влез во Австрија на мостот на Мура)Бад Радкезбург - Мурек, па се уклучувам на автопат А9 во Австрија и возам до Грац. Пред Грац се исклучувам лево према Клагенфурт и тепам за Вјортерзее.
Каде би полнел гориво:
- Дополнувам на излез од Македонија.
- Менувам динари (или си набавувам уште од СК)
- Дополнувам 10-20 евра/литри на кродукс после Загреб во правец на Вараждин.
- Полнам до капаче во Австрија на ОМВ (во Бад Радкезбург има најразлични бензински. Самошто работат до 19:00) и купувам вињета.
- Никогаш да не полниш на автопат во Австрија. Цените се 30-40центи поскапи отколку на локалните бензински.