Автор Тема: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации  (Прочитано 170625 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #885 на: 19 Мај 2026, 22:25:06 pm »
Јас си знам до каде гледам кога возам, а гледам многу подалеку отоклку тука околу со совозачот да го губам вниманието и потсвесно да се надевам од секоја каша дека колата и нејзините системи ќе ме вадат.

Бујрум со мене сите дупки да ги измапиран на патиштава ширум државата, однапред ја знам траекторијата на движење особено на доста оштетени делници, на пример плетвар делот од каменоломот до последните нагорнини каде треба подесно или понасредина да се вози за да се избегнат дупки, евентуални оштетувања или губење контрола над возилото.

Али добро, секој со своето, јас бирам јас да сум тој кој е во интеракција со патот и она што ме очекува на патот од спротива.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4614
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #886 на: 19 Мај 2026, 22:28:00 pm »
За кои системи конкретно мислиш @FiLo ? Lane assist, темпомат/адаптивен темпомат, камера која те гледа дали гледаш напред или си гледаш на страна па пишти?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #887 на: 19 Мај 2026, 22:34:09 pm »
Да.

Не дека сум против системи да придонесуваат за безбедноста, ама реално да збориме, кога ги имаш, потсвесно пополека се опушташ еј имам ваков систем, таков систем, ќе ме спаси колата.

Второ, досега три пати имам направено обиколка околу Македонија со бравото во должина од речиси 800 км и на крајот не се почувствував изморен, не заради колата, немам такви системи, освен АБС, друго помагало за возење немам, немам лине асист, немам темпомат итн.
Ама затоа што ми е мерак да возам.
А кога нештото го правам од мерак, замор нема.

И постојано фокусот е на патот додека возам.
А со оглед на тоа што последниве две-три години по автопативе низ државава со 130 км/ч ги прелетувам сите што се во десна лента, јасно ми е дека моментално доминираат возачи што не заслужиле возачка да имаат.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4614
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #888 на: 19 Мај 2026, 22:47:05 pm »
Ги немам и јас тие системи, и барем по мое мислење би ми биле од помош, поготово темпоматот на подолги релации од 150 км по автопат. Заради возачката позиција и мојата висина, после 2-3 саати почиња да ме боли страничниот мускул под колено на десната нога, зашто е цело време затегнат и мора добар одмор. Да не морам да држам нога на гас би било топ. Да те држи во лента не е лошо ако почнеш да задремуваш, но има системи кои се преагресивни па може и да е понапорно со нив да возиш, цело време те цима и те дрма.
И јас сум мераклија на возење, ама едноставно некои работи ми сметаат физички и планирам со следното ауто да ги отклонам тие пречки и да ми биде далеку полесно возењето на долги релации.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #889 на: 19 Мај 2026, 23:00:26 pm »
Да не даде господ да задремиш, само толку ќе кажам.

И без разлика на се, правете паузи, на секои 2-3 часа возење или шознам 150-200 км, ќе се раздвижиш, ке проциркулира крвта низ цело тело.

Не спијте на уво еј ке задремам, ама имам безбедносни системи.

Најдобронамерно ова го велам

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15149
  • Пудингот на шоферството
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #890 на: 19 Мај 2026, 23:08:47 pm »
Само темпомат имам обичен,,некогаш кога е гужва посакувам адаптивен,ама исто и кога ќе ми текни дека си има фалинки и не баш толку ми фали.
Во никој случај не ми се пресудни да тргнам на долг пат.Со 206-ка сум слегувал од Де за Мк без преспивање во зима низ Австрија пола метар снег. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7380
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #891 на: 19 Мај 2026, 23:20:54 pm »
Најбитна работа пред да тргнеш на пат е да не те извади од такт жената, се друго лесно се решава.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6313
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #892 на: 19 Мај 2026, 23:36:39 pm »
Мене ми одат на нерва сите додатни системи сем темпоматот. Сум извозел неколку различни возила со сите тракатанци и едноставно не е за мене.
Околу позицијата за возење, кога ќе ми збогтиса од возење при некоја пауза практикувам да си ја менам цела позиција на седиштето, го кревам нагоре до кај што оди, малце наназад, си го местам воланот на соодветна позиција и така во по “камионски/комбест” стил, кичмата убаво настегана во седиште нозете скоро на 45 степени и темпоматот закочен терам наредните 5/6 саати, па после пак во дефолтна позиција се враќам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5235
  • The Spartan General
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #893 на: 20 Мај 2026, 06:54:05 am »
....
@ficomk Јас вака би правел. Ја имам возено истата рута неколку пати и оваа по мое искуство е 0 минути чекање на граници/тунели во Австрија, Словенија, Хрватска и Србија.

Прв ден:
Франкфурт - Пасау - Велс - Грац - Шентиљ/Марибор - Птуј - Крапина - Вараждин. Ако не ти се плаќа вињета во Словенија и последниот тунел во Австрија (вкупно околу 30 евра) се исклучуваш на Сенкт Михаел во Горна Штаерска и возиш на Брук на Мура во Насока Виена. Кога стигаш до него фаќаш насока Грац. Автопат е и возиш само 30км повеќе. После Грац наместо Шентиљ на последниот исклучок фаќаш према Мурек. Од Мурек влегуваш во Бад Радкезбург/Горња Радгона. Од таму преку Раденци возиш према Љутомер. Од Љутомер имаш две опции (Ормож и Мурско Средишче). Јас минував на Ормож и после него за 10 минути си во Вараждин. Заштедуваш 30 евра, потрошуваш 40 минути повеќе возење по локални патишта. Вараждин е многу убаво градче за спиење и во центарот е пешачка зона со ресторанчиња и деците да размрдаат нозе.

Втор ден:
Вараждин - Загреб - Славонски Брод - Жупања - Винковци - Вуковар - Илок/Нешин/Љуба - Бачка Паланка - Нови Сад - Белград. Можеш или во Нови Сад или Белград да си правиш ручек/прошетка подолга пауза. Таму има три локални гранични премини. Еден работи 24часа, другите само преку ден. Пауза за ручек можеш да правиш Градишка, втора пауза Нови Сад.

Ако ептен ти се вози по магистрала, можеш да фатиш Вараждин - Копривница - Вировитица - Осијек - Вуковар по Државна Цеста 2. Ама јас ти препорачувам до Вараждин - Жупања автопат и после се закачуваш на ДЦ2 преку Винковци. Нема потреба цел ден да утепаш на ДЦ 2 кога без гужва ќе стигнеш до Жупања/Винковци.

Трет ден: Сам си знаеш од Белград надоле. Табановце не го избегнуваш освен да идеш на Прохор Пчињски.


пс. Може сум утнал редослед на градови, ама тие се рутите (пишувам по памтење).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3442
  • Хюндай Тюсон
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #894 на: 20 Мај 2026, 09:27:54 am »
Да.

Не дека сум против системи да придонесуваат за безбедноста, ама реално да збориме, кога ги имаш, потсвесно пополека се опушташ еј имам ваков систем, таков систем, ќе ме спаси колата.


Тоа е целта да бидеш опуштен и одморен кога ќе стигнеш.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7805
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #895 на: 20 Мај 2026, 11:02:14 am »
Фило друже, адаптивен темпомат за подолг пат е светска работа. И не те прави послаб/полош, или поопуштен возач во поглед на антиципација на опасност. Свесен сум дека е помагало, ама не дека е 100% автоматска заштита.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30648
    • CARclub.mk
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #896 на: 20 Мај 2026, 11:13:15 am »
Темпомат е прекрасна работа. Адаптивен темпомат е уште попрекрасна работа. Особено во денешно време со камери на секој чекор. Јас уште на времето почнав обичниот темпомат да го користам (после скапа лекција, секако) како анти-казна дивајс.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4128
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #897 на: 20 Мај 2026, 14:26:07 pm »
Toa e това! Обичниот темпомат го имав/имам на 3 коли.  100 пати ме спасиле на регионални патишта каде се шалта 100-50 брзина во населени места без население.

Адаптивниот е исто така квантен скок од обичниот. Фаќам еден убав зајак пред мене кој држи добро темпо, ставам темпомат на 145 да не ми избега на кртаки забрзувања, подесувам растојание доволно далеко да не личи дека го бркам и фино си возиме другарски барем едно 100 км ако имам среќа. Ако не, бараме друга "жртва".

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #898 на: 20 Мај 2026, 18:17:50 pm »
Да.

Не дека сум против системи да придонесуваат за безбедноста, ама реално да збориме, кога ги имаш, потсвесно пополека се опушташ еј имам ваков систем, таков систем, ќе ме спаси колата.


Тоа е целта да бидеш опуштен и одморен кога ќе стигнеш.

Затоа и не си ја приметил колата пред тебе, тебе системот не те направил побезбеден возач, напротив те спасил од тоа што не си се фокусирал на патот да знаеш што имаш пред тебе.

А тоа е класично небезбедно однесување во сообраќајот.

Али секој со својот памет.

Ако ти мислиш дека тоа што тој ден си стасал релаксиран и опуштен ама по цена на твојот дефокус и незнаењето дека си бил на раб од животно-загрижувачка ситуација, во ред, нека биде твоја гордост, нема да ти солам памет, валда си доволно возрасен да сфатиш во каква ситуација си бил, и дали е во ред така да се однесуваш во сообраќајот.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #899 на: 20 Мај 2026, 18:31:13 pm »
Значи треба да прифатиме дека твоето мислење е поиздржано и порелевантно од сите инженери во автомобилската индустрија, кои континуирано ја зголемуваат безбедноста преку воведување нови системи децении наназад. Можеби не треба ни сигурносен појас, икона е сосем доволно.