Да.
Не дека сум против системи да придонесуваат за безбедноста, ама реално да збориме, кога ги имаш, потсвесно пополека се опушташ еј имам ваков систем, таков систем, ќе ме спаси колата.
Второ, досега три пати имам направено обиколка околу Македонија со бравото во должина од речиси 800 км и на крајот не се почувствував изморен, не заради колата, немам такви системи, освен АБС, друго помагало за возење немам, немам лине асист, немам темпомат итн.
Ама затоа што ми е мерак да возам.
А кога нештото го правам од мерак, замор нема.
И постојано фокусот е на патот додека возам.
А со оглед на тоа што последниве две-три години по автопативе низ државава со 130 км/ч ги прелетувам сите што се во десна лента, јасно ми е дека моментално доминираат возачи што не заслужиле возачка да имаат.