Јас знам колега ренташе 2 недели Фокус во Америка, плати 1000 евра, така шо не е баш евтино.
Тоа едино ако наседнал на причите на шалтер за вакво осигурање, онакво осигурање... Рент-а-кар фирмите во америка профитот го прават пред се со продавање разни шарени осигурања. Вработените на шалтер се пред се обучени да продаваат осигурања и имаат спремни разно-разни хорор причици кои се само делумно вистина (ова го дознав уште преклани во њујорк од локални типови кои се разбираат у тој бизнис).
Ако уредно кажеш „не, фала“ и го земеш само законски задолжителното осигурање (кое е пресметано во цената бидејќи без него не смеат да ти ја дадат колата) тогаш не е скапо.
Исто така ти продаваат и флет-рејт пакет за проаѓање низ патарини. Околу ова можеш да се ценкаш! (во некои држави, како на пример Флорида, не постојат куќички на патарините, па немаш опција за „не фала“, т.е. мораш или да земеш од рентакарот припејд, или кога ја враќаш колата ќе добиеш компјутерски генерирана сметка за патарини. Првото е малце поскапо, али си мирна бачка).
Ако сакаш да овластиш втор човек да ја вози колата (напр сопруга), тогаш цената рипа скоро дупло. Ако сакаш да изнајмиш детски седишта - пошто у америка пердашат џандари за деца без децко седиште - наплаќаат околу 10 долара од седиште на ден! и вкупната цена иде у небо. Ние не купивме овластување за втор возач, а одлучивме да ризикуваме и да возиме 400 милји до Тампа без детски седишта (ноќна вожња). Кога стигнавме таму, од првиот walmart купивме некои супер-евтини ќинески детски седишта по цена од 18 долари за двете заедно :-)
Во јуни на Флорида за Импалата v8 платив вкупно ооооколу 250 евра за 14 недели, неограничени милји, без дополнителни опциони осигурања и со припејд платени патарини, т.е. поскапата варијанта.