Ако сакаш од кај Унгарија вози преку Будимпешта. Се пушташ преку Брно/Чешка, возиш директно за Братислава, и се закачуваш М1 кај Гиор во насока Будимпешта. После цепаш по М7 према Вараждин. На Вараждин има два премина, едниот е на автопат, другиот на помало патче. Тука имаш патарина за Унгарија (12 евра), Словачка (10 евра), Хрватска околу 6 евра до Света Хелена/Загреб.
Ако ја возам оваа рута не би возел преку Сомбатели, оти веќе имам вињета, и преку Будимпешта е исто толку брзо, како на регионалниот пат до Хрватската граница. На автопат во Унгарија, се вози комотно 140 без да имаш проблеми со полиција/камери.
Ако сакаш од кај Австрија, тогаш директно од Брно према Грац, па после Марибор, Птуј, Крапина. Тука имаш Австрија (8.90), Словенија 15 евра, Хрватска 10 евра. На Шентиљ и доле на Птуј/Крапина се прават гужви. На хрватската страна преминот се вика Мацељ. Низ австрија многу од тунелите и не само тунелите, имаат места кадешто мерат просечна брзина и е препорачливо да се вози во границите на дозволеното.
Ако би возел по втората рута, би влегол во Австрија од кај Бад Радкесбург, па преку локален пат преку Ормож/Чаковец низ Вараждин во Хрватска. Така би платил само Австрија 8.90 евра патарина, Словенија ништо, Хрватска 5 евра до Света Хелена кај Загреб. Само некои 60тина километри се регионален пат. 15 евра се речиси 15 литри бензин. По оваа рута гарантирано нема гужва никаде. Ако те интересира оваа рута, ќе ти ја исцртам. Ем ќе ја видеш живописната Штаерска во Австрија, и долината на Мура во Словенија.
Вињети:
Словачка -
https://eznamka.sk/selfcare/home/Чешка - На бензинска/пошта.
Австрија - од оваа година имаат и електронска вињета. Се купува од Асфинаг сајтот
https://shop.asfinag.at/Словенија - Од бензинска/на влез на Шентиљ (ако одиш преку автопатот) се купува од ДАРС. Јас не би купил и би ја избегнал оти е 15 евра за 7 дена.
Хрватска - Патарини. Плаќај со кредитна картичка, затоа што никогаш не враќаат кусур, или го враќаат во куни.