Автор Тема: Zastava 750SC => Abarth 850TC  (Прочитано 42674 пати)

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Zastava 750SC => Abarth 850TC
« на: 17 Октомври 2012, 14:15:30 pm »
Тема ја отварам во работилница бидејќи ќе има доста работа
Значи второто фичо што го земав планирам да го правам Абарт 850ТЦ реплика (Визуелно) за моторот немам толку пари а не ни ги има.
Станува збор за Застава 750Специал...со 14.377км и многу здрава лимарија.
За да се направи реплика потребни ми се фарови стар тип, браници стар тип, лајсни, хладњак за уље со носач на преден браник, волан, инструменти, миникада седишта, волан абарт, кратки твдри амортизери, преправање на преден трап (ставење на балансштангла од фиат 850специал, дискови, абарт носач на федерплатно, преправка на рукавците за да се добие агол од 6-7 степени на тркалата и пократок ход на воланот), преправање на заден трап ( ставање на балансштангла од лада, пократки спирали ).
Од ова што наброив имам: волан, амортизери, дискови, кратки спирали, носач на федер платно, рукавци ( да се преправат )
А треба да ми стигнат: Фарови со розери стар тип, браници предни задни, лајсни, хладнак за уље без држач
Треба да земам и мењач 8/37 за да има поголема крајна брзина
Значи вака би изгледало кога ќе биде готово со тоа што вратите ќе се отвараат нормално

А сега изгледа вака, делумно растурено

Еве уште некое сликче за подетално да видите за што се работи. Незнам колку од тука се разбираат во фичовци ама да најдеш фичо што не е скапано во кошевите, патосот и праговите е реткост

Еве ги задните кошеви ( не е убаво исчитена изолацијата )

тука има површинска корозија што веќе е исчистена со четка и антирост и премачкана со праимер


Еве ги предните кошеви
десен, внатрешниот праг на едно место е скапан

лев

Еве го патосот од доле, стакло панчево :)



Видете ама убаво моторче има све се гледа и што е најдобро сам можеш да си го направиш ако се расипе нешто :)


Планот со моторот е следен. Значи фабрички е 30коња со остарување на перката за ладење и ставање електрична се добиваат 2до3 кс, со остранување на водната пумпа и ставање електрична исто така се добиваат 2до3 кс и се зголемува бројот на вртежи. За да се извади уште нешто од моторчето се става електронско палење од југо45 или 55 со тоа се добива рамномерна работа на моторот и уште некој обртај повеќе, уздувна грана 4-2-1 со проточен лонец реплика на абарт ги има во Хрватска со тоа се добива 5кс и двогрли карбуратор од фиат 850 спорт купе уште 3-4кс и последна работа олеснување на замаец. Со све ова ќе се извлечат околу 12-13кс и над 8,000 обратиа што е супер за ова моторче
Ако сакам нешто повеќе ќе треба да се отвара моторот :)

Еве сликички и нешто што почнав да средувам кај што е подскапано, нема многу па побрзо ќе иде
какво беше

исчистено и исечено


какво беше

исчистено и исечено


Предните крила кај спојот со прагот, десната страна секогаш е поскапана

лево

искроени се парчиња за да се закрпи, викендов што помина бев на свадна и не чинеше времето па не сработив ништо.
Овој викенд одам за Прилеп, здравје на 23ти ако е убаво времето ќе ги средам

Бандаши успеав да најдам Данлоп СА, одат на Симка 1100ТИ (првите на сликава)

успеав да најдам и гуми 165/55 - 13 ама на пролет ќе ги купам

Таму кај што имаше површинска корозија е исчистена и над нејзе праимер за метал. Тоа е тоа за сега
све наредно што ќе правам ќе ве исвестувам.
сигурно ќе ме прашате што правам со другото фичо :)
треба да се исфарба и иснталација да се пушти па пополека да се склопува

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #1 на: 17 Октомври 2012, 14:25:48 pm »
Браво бе момак, секоја чест за идеиве.

Него, би го продал ова? Јас сум стварно заинтересиран.

Или да ми направиш едно? Јас немам познавање ни време за ваков проект, ама ако ти се нафатиш од 0 до крај да го изработиш, оформиш цена, различни опции за мотор итн итн пиши ми можеме да направиме нешто.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #2 на: 17 Октомври 2012, 14:35:20 pm »
Не би го продал !!! :)

за време и јас немам ова го работам од мерак или хоби само за викенд или кога сум слободен. Ако си заинтересиран можам да го прашам другарот што повремено ми помага. Него ова му е стука си има работилница и такви ствари.
За да се почне некој ваков проект треба да се има одлична основа за да се заврши побрзо и за да на крај биде поевтино
Ако стварно си заинтересиран ќе го прашам другарчево да каже мислење па ќе си смените контакти и да си се договорите.
За совет и помош тука сум :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #3 на: 17 Октомври 2012, 14:55:14 pm »
Имам дома од дедо ми фиќо 850ка со поминато 28.000км, прва боја, зарѓано (корозија) нема ни 1мм... Од кога е купено (4 години) од гаража не излегло... Здравје, за 5/6 години планирам да го реставрирам комплет... Со оглед на тоа што ги имам сите делови (освен каросерија) и тоа не по едно, и тоа по 2/3 парчиња од сите, лесно ќе биди...
+ имам уште едно фиќо, од тетин ми, тоа е направено кабрио... Уште мотор му фали и да се офарба...

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #4 на: 17 Октомври 2012, 15:08:58 pm »
Имам дома од дедо ми фиќо 850ка со поминато 28.000км, прва боја, зарѓано (корозија) нема ни 1мм... Од кога е купено (4 години) од гаража не излегло... Здравје, за 5/6 години планирам да го реставрирам комплет... Со оглед на тоа што ги имам сите делови (освен каросерија) и тоа не по едно, и тоа по 2/3 парчиња од сите, лесно ќе биди...
+ имам уште едно фиќо, од тетин ми, тоа е направено кабрио... Уште мотор му фали и да се офарба...

имаш 8/37 мењач вишок?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #5 на: 17 Октомври 2012, 15:11:38 pm »
Незнам, ќе го прашам дедоми и ќе ти кажам...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #6 на: 17 Октомври 2012, 19:10:17 pm »
одлично пецони,само напред,свака ти част како имаш нерви да се бориш со корозијава :)

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #7 на: 17 Октомври 2012, 22:45:07 pm »
болест е ова :)
пред оваа имав друга... компјутери....се утепував од играње нфс на 26ка монитор и компјутер вреден колку едно бмв 320д :)
ама продадов све тоа и се рајатисав....оваа болест е подобра барем занат учиш и не седиш на столче и фаќаш хемороиди :) :) :)
а што се однесува до р`ѓата немам гајле го најдов лекот за сида.....флуид филм се вика

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #8 на: 17 Октомври 2012, 23:05:13 pm »
Нека е со среќа...
:)
Редок примерок на воклу сочувано фиќуле
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #9 на: 17 Октомври 2012, 23:16:00 pm »
Со среќа проектот, само нека се множат. :)

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #10 на: 17 Октомври 2012, 23:19:39 pm »
Ај со среќа само напред има доста работа но добро е си нашол здраво фиќо не е лошо

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #11 на: 18 Октомври 2012, 01:09:24 am »
Само напред мајсторе !

Со среќа проектот ;)

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #12 на: 18 Октомври 2012, 01:17:06 am »
Нека е со среќа...
:)
Редок примерок на воклу сочувано фиќуле

Со среќа проектот, само нека се множат. :)

Ај со среќа само напред има доста работа но добро е си нашол здраво фиќо не е лошо

Само напред мајсторе !

Со среќа проектот ;)

Фала на сите...иначе со парите што ми беа за фарбање на првото фичо го купив ова :)
највеќе дека е каросериски здраво, да беше како 90% од фичовците не го зимав

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #13 на: 18 Октомври 2012, 09:43:30 am »
Само напред Пецони :)

Него, нели мислиш дека малку се растргнуваш со проективе? Различни модели, различни побарувања, секој си бара посветеност?
Секоја чест што се нафаќаш да ги работиш паралелно, него онака ме интересира нели е поарно да се посветиш на еден, да го завршиш, па да тераш со друг :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Zastava 750SC => Abarth 850TC
« Одговори #14 на: 18 Октомври 2012, 09:46:46 am »
Само напред царе, цел карклуб е со тебе ;D

Секоја чест! :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.