Mini брат не оди тоа така лесно со усисната грана ,а ЕГР от особено ако е вакумски, како твојот оти гледам 98 год ти е колата се чисти без проблем само двата штрафа одврти ги и ќе го извадиш.....А за усисната да ти кажам еве некои работи.... како прво ти требаат torex окасти клучеви...второ за да ја извадиш усисната треба да ги извадиш повратните црева од дизните,ако не ти се вадени одамна можно е да се скинат залепени од температурата на дизните многу тешко се вадат па спреми си нови црева т.е 1 метро црево доволно е со димензии 3 до 3.5 мм внатрешно со 7 мм надворесно е димензијата на тоа црево......како трето треба да си спремиш т.е купиш два нови диктони оти усисната е дводелна, или ако ги оставиш старите треба да ги поминиш со црвен силикон за да не ти се јават проблеми да пропушта на самиот диктон маснотии од усисот и се ствара поголема бучност од турбото кога полни најмногу.....И како четврто треба да ги одштрафиш холендерите на цревата тие металните што одат од бош пумпата до дизните инаку не можеш да ја извадиш усисната грана и тука настанува најголемиот ПРОБЛЕМ ,затоа што кога ќе ги вратиш од после назат системот прима воздух и треба некој постручен да го обезвоздуши со рачна или електрична пумпа па да запали и да немаш проблем со озогласената бош пумпа ВП-44, а ако не се обезвоздуши добро тука не дај боже може да страда пумпата оти е многу осетлива на овие возила......Ете тоа е од мене се скршив од пишување
ако имаш прашања можам да ти одговорам.....