Автор Тема: Colt на утро стартува на второ палење и привермено нерамномерно работи  (Прочитано 7491 пати)

Отсутен Mitsubishi_Vlado

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Здраво на сите,
Ми се бендисаа коментариве на форумов па еве ме сега како новајлија во форумов. Прво да кажам дека ја читав темата со TPS сензорот(чистење и сл.) и пробав да до одстанам проблемот на истиот начин но проблемот уште не е решен.
Имено на мојот Colt 1.1(со вграден плински уред уште пред 3 год.) пред неколку месеци ми се појави проблем со стартување на моторот и повремена неправилна работа, колата пали на второ кога е ладна, а кога ке запали работи како на два клипа(иначе е трицилиндричен мотор). Сите симптоми се исти како кај неисправна бобина или нечисто TPS куќиште/сензор но проблемот уште не е дефиниран ниту пак решен.
Ова е историјата како пробав да го решам проблемот:
- на дијагностика прво јави проблем OBD code P1967(код кој скоро и да не најдов нешто детално за него на интернет)
- го исчистив TPS куќиштето со клапната
- го исчистив MAF сензорот
- ги променив свеќичките (NGK standard) со размак 0,85
- ги тестирав бобините (поединечни на секој цилиндар) со одкачување на конекторот се намалуваат обртаите, а прикачување повторно се нормализираат

Ми останува да проверам притисок на бензинската пумпа и доколку и тоа не е стваро немам идеа што може да биде, ме чуди само дали е правилен начинот на проверка на бобината и дали истата може да работи со намален капацитет (или таа може само да работи или да не работи)? Од друга страна ме чуди како со дојагностика не се добива грешка за неисправна свеќица, бобина, бензинска пумпа или незин притисок и сл.
Се надевам дека некој од вас ќе може да ми помогне да го решам овај проблем.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Colt на утро стартува на второ палење и привермено н
« Одговори #1 на: 15 Октомври 2012, 11:21:08 am »
Znam deka se e vo red koga e na plin. Dali proveri plinskiot kompjuter dali e vo red?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Дали ова со откачување на бобините си го пробал баш кога е ладна, или на загреана? Друго, може да биде и некој инџектор да не работи баш добро дур не се загрее колата (пушта повеќе гориво), па да работи така. Види со свеќичите, дали ти се по точна спецификација за твојот мотор. на дијагностика не барајте само грешки, туку погледнете ги параметрите пи стартување на ладно. Отвореност на инџектори, мап/темп. сензор, сензор за температура на мотор и слични параметри, може ќе видите некој сензор кој не треба баш да покажува такви параметри...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mitsubishi_Vlado

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Колата стартува на бензин и проблемот е ист дури и поизразен доколку се пали на плин. Има ваирација на обртомерот од 900 до 1200 rpm горе-долу, и по 4-5 минути се нормализира на околу 900 со многу мала осцилација +/-30 rpm, инаку последна проверка на плинскиот комјутер е направена пред неколку месеци кога беа забележани и првите симптоми но таму не утврдија грешка на плинскиот компјутер. Што е најлошо овластениот сервис ја префрла вината на онај кој го мести плинот, а овај пак се правда дека истиот проблем е и кога возиш на бензин и така се наоѓаш ни горе ни долу!

Откачувањето на конекторите од бобината е направено на ладен мотор, а за инјекторите еднаш годишно користам средство од Wurt за прочистување на бензинската инсталација пошто претежно ја возам на плин.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Colt на утро стартува на второ палење и при
« Одговори #4 на: 15 Октомври 2012, 11:39:32 am »
Здраво на сите,
Ми се бендисаа коментариве на форумов па еве ме сега како новајлија во форумов. Прво да кажам дека ја читав темата со TPS сензорот(чистење и сл.) и пробав да до одстанам проблемот на истиот начин но проблемот уште не е решен.
Имено на мојот Colt 1.1(со вграден плински уред уште пред 3 год.) пред неколку месеци ми се појави проблем со стартување на моторот и повремена неправилна работа, колата пали на второ кога е ладна, а кога ке запали работи како на два клипа(иначе е трицилиндричен мотор). Сите симптоми се исти како кај неисправна бобина или нечисто TPS куќиште/сензор но проблемот уште не е дефиниран ниту пак решен.
Ова е историјата како пробав да го решам проблемот:
- на дијагностика прво јави проблем OBD code P1967(код кој скоро и да не најдов нешто детално за него на интернет)
- го исчистив TPS куќиштето со клапната
- го исчистив MAF сензорот
- ги променив свеќичките (NGK standard) со размак 0,85
- ги тестирав бобините (поединечни на секој цилиндар) со одкачување на конекторот се намалуваат обртаите, а прикачување повторно се нормализираат

Ми останува да проверам притисок на бензинската пумпа и доколку и тоа не е стваро немам идеа што може да биде, ме чуди само дали е правилен начинот на проверка на бобината и дали истата може да работи со намален капацитет (или таа може само да работи или да не работи)? Од друга страна ме чуди како со дојагностика не се добива грешка за неисправна свеќица, бобина, бензинска пумпа или незин притисок и сл.
Се надевам дека некој од вас ќе може да ми помогне да го решам овај проблем.

Сензорот на радилица друже не ти чини ;) Просто како грав не е скапо да го средиш. Можеш и самиот. Plug and play e :D Треба да стои на самиот блок на долната страна.

http://www.worldcarparts.co.uk/tabid/144/CategoryID/287/ProductID/1577/language/en-GB/Default.aspx 

Ти пасува и од Smart ;)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Ако и на плин и на бензин е исто, тогаш дефинитивно не се инџектори.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mitsubishi_Vlado

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Lord фала ти, изгледа едноставно за онај што знае но за мене како аматер не беше баш така :)
Можно е да е и тој сензор(мислам дека е тоа сензорот кој ја одредува позицијата/тајмингот на бобината/свеќицата) но дали овај сензор може да затајува па после да почне да работи, бидеќи по 5 минути моторот си работи беспрекорно?!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Кодот P1967 е проблем со Trustful check engine speed

FUNCTION

Compares the actual engine speed calculated from the crank angle sensor signal cycle with the estimated engine speed calculated from the number of the crank angle sensor signal pulses after a lapse of the specified time.

но дали овај сензор може да затајува па после да почне да работи, бидеќи по 5 минути моторот си работи беспрекорно?!

TROUBLE JUDGMENT

Check Condition
Ignition switch is "ON" position

Judgement Criterion
The difference between the actual engine speed and the estimated engine speed is 300 r/min or more.

FAIL-SAFE AND BACKUP FUNCTION

Throttle opening degree position is in default position.
PROBABLE CAUSE

Failed engine-ECU

Не ми се верува дека е до толку работата, бидејќи истиот муабет го знам од други коли и се средувало со промена на тој сензор. Така што останува уште ова, не е скапо. Ако и ова не го реши проблемот тогаш е компјутерот ...ECU-то...


А пред да одиш на промена на ECU...рестартирај го ECU-то.

Извади ја позитивната клема...врти го клучот во бравата за стартување...и остави ја една ноќ нека преседи и другиот ден стави ја позитивната клема и пробај да ја стартуваш. Значи откако ќе го промениш овој сензор и гледаш дека пак го има истиот проблем.

Отсутен Mitsubishi_Vlado

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Благодарам уште еднаш LORD, останува да го направам она што го објасни погоре.
Thanks ;)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Колку гориво имаш во резервоарот кога ти се случува ова и дали ја чекаш да се исклучат сите сијалички пред да ја запалиш? Мене ова ми се има случено кога има малце гориво во резервоарот и ако не ги почекам сијаличките. Бензинската пумпа кај Колтот е малце мрзлива и треба да ја почекаш за да немаш вакви проблеми. Иначе јас имам Колт 1.3
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
ECU се ресетира вака:

1. Се вади НЕГАТИВНАТА клема од акумулаторот.
2. Се остава да одстои 20 минути со вклучени светла
3. Се враќа негативната клема назад
4. Се вергла и пали моторот без гас и се остава да работи во место 5 минути.
5. Се гаси моторот, се остава 5 минути изгасен со клучот внатре (не на контакт)
6. Се пали моторот и се вози нормално или пак се проверуваат повторни грешките од дијагностиката.

Отсутен Mitsubishi_Vlado

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Горивото го држам секогаш над 1/4 така да не верувам да е до тоа, а секако дека ја исчекувам проверката на моторот. Имено како што гледав и на странски форуми ова не е многу чест случај кај Colt-от, да се надевам дека "LORD" ќе помогне во оваа ситуација, поздрав

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Има други членови кои се поголеми познавачи од Лорд,така да јас не би избрзувал со заклучокот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mitsubishi_Vlado

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Секако дека ќе причекам и на други размислувања од другите учесници на форумот, посебно околу можноста како овај сензор да се измери (доколку е можно,за да се провери дали е исправен) како и за можноста да се ресетира компјутерот со постоечкиот сензор.
Исто осетливо ќе биде дали ресетирањето на авто комјутерот ќе има некаква последица на дополнителниот комјутер од плинот???

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Ама на Лорд дедо му имаше ваков проблем, држи вода. ;D