Ти да не ги откажа?
Ги оставив пред 5-6 години. Па пред година дена, пак се изглупирав, ама не стигнав на повеќе од 10тина цигари дневно. Пред одмор, кутијата цигари си ја остаив во фиока, и еве ја од 4-5 септември навака стои во фиока за евентуално некој да не ми побара цигара на гости кога ќе дојде. Така да, сега не пушам.
@Smichka, се оставаат, веруј ми друже. Кумот мој, од 1 година средно сме заедно, и малтене заедно сме пропушеле. Сега пред 4-5 месеци, за прв пат ги остави и ги остави. Само рече „доста беше“. Работата е во волјата. Ако имаш волја, ќе ги оставиш.