За ЕГР офф ми дремеле и ми кажувале што да правам и како. Треба да ги бркам?
- "Пази жиците"
- "Ај провери успат колку километри има"
- "Оригинална е дијагностикава?"
- "Дај да видам шо мапи имаш?"
- "Брат, колава мака нема, Плетвар со 140 го качува, понатака едно чипче можи, не дека нема сила сега"
И такви слични муабети додека го бараш ЕГР-от детално во мапата.
Сѐ додека механичарот ми вели дојди и види си што ти менувам, а не да те лажат како во овластен и слично, тогаш е во ред. Мајсторот има прилично ново Пежо, кое е сервисирано во овластен поради гаранција, наплатени му биле филтри кои не биле сменети. Исто и Полото од другарот кога го однесовме кај него - наплатени сите филтри, а поленовиот црн до даске, бензинскиот со VW лого и датум на производство 05', сменети пред очите на газдата кај механичарот кај кого одам јас.