Насловот кажува се! Често во огласите гледаме дека продавачот на возило потенцира дека колата не е од увоз како голема предност на автомобилот.Но колку е тоа така? Мое мислење е дека не мора да значи,пошто ако автомобилот е од увоз веројатно има повеќе км од колку од РМ , но што е со патиштата по кои возен,со какви масла е одржуван (знаеме дека има разлика меѓу "orginal" масло купено кај нас и оргинал масло купено да речеме Германија,Италија.Па што мислите?
Нема врска тоа, оригинално масло - шмасло...
Добра кола од далеку се гледа и познава.
Колата речиси 90% од случаевите не е мачка во вреќа така? Се гледа како работи мотор, кои делови од колата треба да бидат оштетени кога возилото е старо над 10 години итн.
Мене ми се допаѓаат повеќе домашни возила

ако можат така да се наречат од домаќински луѓе кои кога ќе ги прашам за возилото во секој момент знаат што возат, какво масло, кога менале каиши, кога е нареден сервис, си водат за сето тоа евиденција (дури во тетратка), да не зборувам за оние кои си водат евиденција за потрошувачка итн.
Мене не ме сеќира ако нема некаде подвикан лим, исчукани врати од дебили кои паркираат до тебе. Мене ме интересира како работи мотор, како вози колата, дали е одржувана, внатре како е сочувана..итн. Козметиките се не толку важна работа. Зборувам доколку ти треба реална кола возена во реални услови.
За шминкани коли ...има со лопата да ринеш. Тоа не ми се допаѓа кај увезените. Јас кога ја земав Алфата, викав дека не ми е гајле да има и некоја гребнатинка или слично, важно да гледам дека е зачувана. Сеа за среќа ми се погоди колата ни тоа да го нема, но тоа ми беше на втор план, други работи ми беа поважни.
Крај краева
Се зависи од колата. Ако е добра...дали Германија, Италија, Бугарија, ...Туркменистан...нема никаква врска...ако е од комшијата а внатре е гној и појма нема кога менил масло, ја удира од тротоари,...се труди што поевтино да ја одржува оти нели по дифолт тоа е Голф и гајле нема...е тоа е то што треба да се плашиш