Jas seuste si stojam na tvrdenjeto deka se stetnici/goveda i deka nema takov pritisok od rabotata.
Дали си работел таква работа пред сѐ?
Дали си возел по 12-14 часа на ден?
Дали си возел 200 стопови на ден тргни-застани?
Не е убаво да зборуваш за нешто ако не знаеш од прва рака, секоја работа си носи своја тежина, како твојата, така и мојата. Зошто никој не останал долго на оваа позиција?
Немаме притисок, можиме кога сакаме да правиме пауза, да враќаме пакети назад и слично, дозволено ни е сѐ од газдата, но тие пакети кои ги враќаш денес ќе мора да ги товариш (и однесиш по можност) утре. Сите сакаме да нарачуваме, ама немаме почит кон луѓето кои ја работат таа работа за жал.
Едит: Имаше многу што зборуваа како тебе, но кога дојдоа еден ден само да се возат (ништо друго), се соочија со вистината.
Да не зборувам за колега кој скока со 30+ кг пакет од комбе и стигнува 2-3 часа пред сите (работи од 06-12ч и ништо повеќе, единствено тој стига). Што ќе му кажат колената за некоја година (+ ближи 30ка).
