Автор Тема: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017  (Прочитано 7289 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #75 на: 05 Октомври 2024, 12:58:41 pm »
Денес на 106.866km направен мал сервис, промена на масло и филтри. Од претходен сервис на 09.02.2024 поминати 12.774km без никакви проблеми.

Овој пат се решив да пробам 5W-30.


Масло Mazda Ultra 5W30 5L - €51.93
Филтер за масло MANN-FILTER W 6018 - €9.55
Филтер за воздух MANN-FILTER C 27 019 - €15.30
Сервис (наем на дигалка 1 час) - €15.00

ВКУПНО - €91.78 = 5.655 денари

Нов vs стар филтер:






Од пред 5 месеци сме гаражирани:



Пред неколку дена дојде време за технички и регистрација:



Техничкиот преглед беше прилично детален, помина без забелешки. Освен стандардна проверка на кочници, доста детално се прегледува суспензијата и состојба на течностите. Проверката трае околу 20 минути.



Цени:

Регистрација (особено интересна ставка данок за моторни возила / не се плаќа за возила постари од 10 години, што поново тоа поскапо)


Технички:


Осигурување автоодговорност (50% бонус + дополнителна промоција од 20% попуст на цела сума, вклучено патници и заштита на бонус - ако направиш штета не се намалува бонусот)


ВКУПНО:
€435.76 = 26.850 денари
« Последно менување: 05 Октомври 2024, 13:30:09 pm DimitarMK »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #76 на: 05 Октомври 2024, 13:53:00 pm »
Мене не ми е јасно, 0-20 градација, не е за поладни средини?!?
Колку што знам овој дел е за Х-40
Со 5W-30 убаво би работела.
Некако муабетов така дојде...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #77 на: 05 Октомври 2024, 14:03:02 pm »
Мене не ми е јасно, 0-20 градација, не е за поладни средини?!?
Колку што знам овој дел е за Х-40
Со 5W-30 убаво би работела.
Некако муабетов така дојде...

Без некои посебни причини беше изборот, времето на испорака беше подолго бидејќи го немаа на лагер + 30ЕУР поскапо. Во овластен тука 0W-20 ставаат, проверено.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #78 на: 05 Октомври 2024, 19:07:17 pm »
Дали во цената за Автоодговорност е вклучена и Зелена карта ? Или пак се доплаќа нешто плус за Зелена карта?

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #79 на: 05 Октомври 2024, 19:14:30 pm »
Дали во цената за Автоодговорност е вклучена и Зелена карта ? Или пак се доплаќа нешто плус за Зелена карта?

Вклучена е, не се доплаќа ништо, ја добиваш стандардно.


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #80 на: 05 Октомври 2024, 20:23:53 pm »
Автодговорноста поевтина од кај нас а притоа стандардот е повисок...оди најди им НЗС...па уште и ќе го поскапуваа кај нас...
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #81 на: 05 Октомври 2024, 21:44:45 pm »
Кај нас многу буљаши има што прават сообраќајки

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #82 на: 07 Октомври 2024, 18:47:39 pm »
Како функционира наемот на дигалка? Изнајмуваш само дигалка или ти даваат и алати? Потпишуваш некој документ во случај да се повредиш па после да не ја тужиш фирмата? Што во случај ако ти проврти навојот на картерот и не можиш да ја напуштиш гаражата? Има некој мајстор таму кој би ти помогнал или се снајдуваш целосно сам?

Многу прашања, ама кај нас немам сретнато вакво нешто па ми е ново :D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #83 на: 08 Октомври 2024, 22:47:29 pm »
Во цената е вклучен наем на дигалка и алат, има скоро се освен специфични ОЕМ алати.

Потпишуваш договор за наем при првото изнајмување при што добиваш инструкции за користење на дигалката.

Користењето е на сопствена одговорност, вработените само те насочуваат правилно да се центрираш во однос на дигалката. Ако предизикаш штета по живот или туѓ имот сам си ја сносиш одговорноста.

Ако ти проврти навој на картер сигурно ќе ти помогнат да ја истуркаш колата надвор од гаража па да се снаоѓаш.. :) Убаво ме потсети за следно да си купам нова штопна, беше прилично стегната, едвај пушти.  ;D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Mazda 3 G120 Sedan Skyactiv-G 2017
« Одговори #84 на: 23 Ноември 2024, 19:41:38 pm »
Back to black.

Променети летните со зимски гуми на 107.827km. Со летните поминати 11.927km.




Ново откритие, приметив дека CarScanner апликацијата за ELM327 ја дава и на CarPlay, еве како изгледа.



Спие на 550 обртаи во лер кога е загреана. Инаку после месец и пол возење со 5W-30 уље, ми делува потивка во лер.
« Последно менување: 24 Ноември 2024, 00:26:00 am DimitarMK »