Не викам дека не постојат и подобри во дизајн и во технологија, и во што и да било друго...
Статистика у принцип не ме интересира, пошто нема врска со единката... На пример, јас сум купил Лансер, поради тоа што сум го засакал уште у првиот момент... Далеку од тоа дека колата е безгрешна (далеку од тоа и дека постои таква кола), ама мене статистика во ниеден момент не ми направи било каква разлика. Статистички, може да биде, што знам, толку и толку луѓе задоволни/незадоволни, пријавени проблеми, вакво било онакво било... Арно ама, било каква статистика, нема врска со некоја индивидуа... Барем кај мене е таков случајот. Да сум гледал статистика, и да сум верувал во нејзе, веројатно немало изборот да ми падне на Лансер, поради тоа што, статистички гледано, сигурно има некој подобар од него. Меѓутим, мене тоа и тек како не ме тангира... Ама ич... И да викала статистика дека секој 50ти Лансер излезен од фабрика, бил на некој начин сјебан, пак не би рекол дека ке ме предомисли. Може статистиката ќе ти каже дека еве, хипотетички, Тојота Јарис е убедливо најбољи у своја класа, во сите можни критериуми... И, се решаваш да земеш Јарис, и БАШ ТВОЈОТ почиња нешо да дупи... Шо знам, електроника, механика некоја, вратите нечинеле, прозори не се отварале а у... Што и да е... И што тогаш со статистиката?
А иначе не би рекол дека сум во заблуда за Голф. Не за џабе е "The Daddy". Еве да напраам една аналогија... Кога мислиш на минерална вода, мислиш на Пелистерка; кога мислиш на хартиени шамивчиња, мислиш (и ја кажуваш) Палома; кога мислиш на кондоми, мислиш на Дурекс... По таа аналогија, токму поради тоа што е синоним за компактен хечбек, кога ке кажеш „семеен, компактен хечбек“, мислиш на Голф, а не на било што друго.