Автор Тема: Најдобар нов автомобил за парите  (Прочитано 33163 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #30 на: 13 Јануари 2011, 12:25:02 pm »
Па да... Само што Голф е Голф, и не е за џабе... Затоа сите пробуваат да бидат како него, ама никој не успеал...
Јас мислам дека си во заблуда кога велиш дека сите пробуваат да бидат како него. Напротив постојат повеќе брендови кои се многу поразлични и подобри од Голф и со сопствен дизајн и технологија. На пример јапанците.

Цитат
Само успеале доволно да му се приближат (Форд Фокус, Опел Астра. Леон не го ставам тука, пошто е мање-више Голф :)). Како што може да се примети, „листата“ на реални и фактички конкуренти на Голф, не ги содржи нити јапонските, нити корејските, а богами нити француските возила. Тоа не значи дека тие се лоши, или што ти ја знам што, туку едноставно, дека тие НИКОГАШ не биле достоен противник на Голф.
За француските би се согласил, (а тоа посебно за Рено). Но категорично не и за јапонските. Отвори ги сите статистики и види на кое место се јапонските, а каде се VW. Односно каде е VW Golf, а каде се Honda Civic, Mazda 3, Toyota Auris/Corolla HB, Mitsubishi Lancer HB, Subaru Impreza HB. И гледај ги статистиките во изминативе 20 години.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #31 на: 13 Јануари 2011, 17:57:56 pm »
Не викам дека не постојат и подобри во дизајн и во технологија, и во што и да било друго...
Статистика у принцип не ме интересира, пошто нема врска со единката... На пример, јас сум купил Лансер, поради тоа што сум го засакал уште у првиот момент... Далеку од тоа дека колата е безгрешна (далеку од тоа и дека постои таква кола), ама мене статистика во ниеден момент не ми направи било каква разлика. Статистички, може да биде, што знам, толку и толку луѓе задоволни/незадоволни, пријавени проблеми, вакво било онакво било... Арно ама, било каква статистика, нема врска со некоја индивидуа... Барем кај мене е таков случајот. Да сум гледал статистика, и да сум верувал во нејзе, веројатно немало изборот да ми падне на Лансер, поради тоа што, статистички гледано, сигурно има некој подобар од него. Меѓутим, мене тоа и тек како не ме тангира... Ама ич... И да викала статистика дека секој 50ти Лансер излезен од фабрика, бил на некој начин сјебан, пак не би рекол дека ке ме предомисли. Може статистиката ќе ти каже дека еве, хипотетички, Тојота Јарис е убедливо најбољи у своја класа, во сите можни критериуми... И, се решаваш да земеш Јарис, и БАШ ТВОЈОТ почиња нешо да дупи... Шо знам, електроника, механика некоја, вратите нечинеле, прозори не се отварале а у... Што и да е... И што тогаш со статистиката?

А иначе не би рекол дека сум во заблуда за Голф. Не за џабе е "The Daddy". Еве да напраам една аналогија... Кога мислиш на минерална вода, мислиш на Пелистерка; кога мислиш на хартиени шамивчиња, мислиш (и ја кажуваш) Палома; кога мислиш на кондоми, мислиш на Дурекс... По таа аналогија, токму поради тоа што е синоним за компактен хечбек, кога ке кажеш „семеен, компактен хечбек“, мислиш на Голф, а не на било што друго.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #32 на: 13 Јануари 2011, 19:31:42 pm »
за некоја година тоа ќе биде I30 или како ли веќе ќе се вика.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #33 на: 13 Јануари 2011, 20:21:15 pm »
за некоја година тоа ќе биде I30 или како ли веќе ќе се вика.

И пред 20-30 години кога имаше инвазија на Јапанци у Европа се вртеше овој моабет.... арно ама само 10% имаат удел во Европа. Европа ја зимам за репер пошо само тука Голф е д кинг :)
I don't discriminate, I hate

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #34 на: 13 Јануари 2011, 21:07:43 pm »
Не викам дека не постојат и подобри во дизајн и во технологија, и во што и да било друго...
Јас пак, баш така те сватив, дека велиш дека голф е најдобар во се и никој неможе да го престигне.

Цитат
Статистика у принцип не ме интересира, пошто нема врска со единката... На пример, јас сум купил Лансер, поради тоа што сум го засакал уште у првиот момент... Далеку од тоа дека колата е безгрешна (далеку од тоа и дека постои таква кола), ама мене статистика во ниеден момент не ми направи било каква разлика. Статистички, може да биде, што знам, толку и толку луѓе задоволни/незадоволни, пријавени проблеми, вакво било онакво било... Арно ама, било каква статистика, нема врска со некоја индивидуа... Барем кај мене е таков случајот. Да сум гледал статистика, и да сум верувал во нејзе, веројатно немало изборот да ми падне на Лансер, поради тоа што, статистички гледано, сигурно има некој подобар од него. Меѓутим, мене тоа и тек како не ме тангира... Ама ич... И да викала статистика дека секој 50ти Лансер излезен од фабрика, бил на некој начин сјебан, пак не би рекол дека ке ме предомисли.
Статистиката е најбитен и објективен фактор за да може да се оцени дали еден производ е квалитетен или не. Вкусот е субјективен фактор и зачинет со маркетинг.

Цитат
Може статистиката ќе ти каже дека еве, хипотетички, Тојота Јарис е убедливо најбољи у своја класа, во сите можни критериуми... И, се решаваш да земеш Јарис, и БАШ ТВОЈОТ почиња нешо да дупи... Шо знам, електроника, механика некоја, вратите нечинеле, прозори не се отварале а у... Што и да е... И што тогаш со статистиката?
Па ако ти се случи тоа со јарис, шансите да ти се случи истото со клио, корса или поло се многу поголеми. Згора на се, Тојота кај нас два 5 години гаранција на Јарис, во други земји 6. VW дава само 2 години. Сигурно има зошто.

Цитат
А иначе не би рекол дека сум во заблуда за Голф. Не за џабе е "The Daddy". Еве да напраам една аналогија... Кога мислиш на минерална вода, мислиш на Пелистерка; кога мислиш на хартиени шамивчиња, мислиш (и ја кажуваш) Палома; кога мислиш на кондоми, мислиш на Дурекс... По таа аналогија, токму поради тоа што е синоним за компактен хечбек, кога ке кажеш „семеен, компактен хечбек“, мислиш на Голф, а не на било што друго.
Тоа што газирана минерална вода ме асоцира на Пелистерка, а хартиени марамчиња на Палома е последица на социјализмот. Јас израснав со тие брендови затоа што во СФРЈ не постоеа други. Денес не употребувам пелистерка освен за шприцер бидејќи е најгазирана и бидејќи нема врска со Пелистерка некогаш. Дурекс користам бидејќи се најквалитетни, најмногу се продаваат кај нас (т.е. најчесто се единствен избор на квалитетен кондом) и имаат голем избор на различни типови кондоми.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #35 на: 13 Јануари 2011, 22:31:13 pm »
А иначе не би рекол дека сум во заблуда за Голф. Не за џабе е "The Daddy". Еве да напраам една аналогија... Кога мислиш на минерална вода, мислиш на Пелистерка; кога мислиш на хартиени шамивчиња, мислиш (и ја кажуваш) Палома; кога мислиш на кондоми, мислиш на Дурекс... По таа аналогија, токму поради тоа што е синоним за компактен хечбек, кога ке кажеш „семеен, компактен хечбек“, мислиш на Голф, а не на било што друго.

Vo dokazov fali uste "eurokrem", "tomy majonez" i "fruktal sokovi"... Izlgeda jas sum vo golema zabluda nekakva...bidejki eve priznavam, neznam od koga monopolot i nedostatokot na izbor stanal dokaz za kvalitet namesto za problemi vo slobodniot pazar i vo svesta na lugeto ?! Po istata quazilogika fickoto i kecot bi bile naj koli pred 20-30 godini, smena8 najaparat,...abe ajdeeeeeee
« Последно менување: 13 Јануари 2011, 22:33:14 pm SceMax »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #36 на: 14 Јануари 2011, 08:54:39 am »
за некоја година тоа ќе биде I30 или како ли веќе ќе се вика.

И пред 20-30 години кога имаше инвазија на Јапанци у Европа се вртеше овој моабет.... арно ама само 10% имаат удел во Европа. Европа ја зимам за репер пошо само тука Голф е д кинг :)
Бргу ќе биде и тоа. Хундаи оди напрд по 1 место секоја година, нудат нови модели кои си го наоѓаат местото на пазарот и кои се пристапни за купците, со квалитет за кои самите купци зборуваат дека е најдобар.

2020 #1

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #37 на: 14 Јануари 2011, 10:48:37 am »
Се тече се се менува, не за џабе е таа изрека така и за голф, не е повеќе кинг во европа по бројот на продажба на дизел голфови тоа е рено меган, а голф сеуште е најпродаван севкупно, но секоја година е се помала разлика и прашање на време кога и во европа ќе изгуби за е 1-2години, исто ко со ГМ беше неприкосновен со години па го смена тојота, а за едно 3-4 години на тоа место ќе биде или фолксваген ако ја купи алфа или хјундаи, најбрзорастечки бренд во светот.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #38 на: 14 Јануари 2011, 19:17:46 pm »
Арно море... Останува да видиме...

Само што најискрено, мислам дека нема теорија, бар во наредниве 15-20 години, најобјективен и најреален човек, порадо да посакува, или да се одлучи за Хјундаи, или што и да е, наместо за Голф. Ама ај ќе видиме.

@gOJDO: не викам дека шансите се поголеми, или помали да ти се деси нешто на некој од другите, едноставно, во „твојата“ ситуација, не игра улога. Може Јарисот душата да ти ја извади, а може Клиото да го возиш до бесвест и назад, и ништо да не му биде.
@SceMax: интересно што ги спомна, ама да, ми фалат и тие во аналогијата, ама не ми текна во моментот, пошто не јадам мајонез и крем, а сам си цедам сокови со соковник. Иначе, по истата „квазилогика“, фичкото и кецот кај нас биле највозени автомобили, а не најдобри... Чисто сумњам дека било кој од тие, што возел фичо или кец, би посакувал, или би се одлучил за едното или другото, ако можел да има Голф 1.

Хјундаи можда би имал некакви шанси за „доминација“, ако го позајмат Шрејер од Киа, или ако малце поише инвестираат во дизајнерскиот тим.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #39 на: 14 Јануари 2011, 20:39:06 pm »
@velestrumf

Да речеме дека баш тебе ќе почне да те зеза Јарисот после 5-тe години, откако ќе ти истече гаранција. Епа на твојата трагедија со 1 јарис, 5 други несреќници ќе кубат коса со Поло, Фиеста, Корса и слично. Значи статистиката е реалност и точка. Шансите да имаш проблем со некое возило се помали ако статистиката вели дека тоа возило е поквалитетно. Ако сакаш да бараш специјален случај, тогаш замисли додека се возиш со најдоброто возило на свет да те погоди метеор и да те пеплоса. Има шанса.

Инаку конкретно за Клио, кога веќе го спомна. Сестра ми за овие 5 години додека го има има, имаше миљарда проблеми и тоа сериозни проблеми. 3 пати ја во возење на сред Белград и вика влечна служба или плаќа казна за пајак. И тоа двата пати се случи во тек на првите 2 години додека беше под гаранција.

Стариот пак од друга страна, долги години возеше мерцедеси. Па потоа кога немаше потреба од толкава кола не си купи Голф, туку си купи Тојота Аурис. Го има веќе 2.5 години и досега немал ама баш никаков проблем.

Во иднина некогаш, кога било кој од моја фамилија ќе треба да купи автомобил, тоа нема да биде Рено, со сигурност. А голема е веројатноста да биде Тојота. Едноставно, покрај личните искуства, тоа го потврдува и статистиката.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #40 на: 14 Јануари 2011, 21:39:25 pm »
Арно бре среќо... Ја не ти викам да не веруваш во статистика... Ако толку ти праи мерак, никој не те спречува да си пратиш и статистика и што и да е...
Ебаго беља бре луѓе, се фаќате ко слеп за стап, за банални работи... На целиов форум, заштитен знак му е убедување на другите, дека пишувачот на постот, или креаторот на темата е во право, без оглед на се’. Не е поентата да се форсира своето мислење врз другите, без соодветна позадина (или и да има соодветна позадина, пак не е тоа тоа, пошто не секој го дели „твоето“ мислење), туку едноставно да се направи муабет и да се споделат мислења. Е сеа дали ќе се поклопат туѓите мислења со „твоето“ (не зборам лично за твоето, gOJDO, туку општо) или не, не е битно. Ама тоа у ниеден момент не значи дека треба по секоја цена да се наметнува твоето мислење или тврдење или што и да е, чисто поради тоа што ти мислиш така. (пак не зборам лично, туку општо, да не се осети некој навреден)

Клиото го спомнав, пошто во твојот одговор беше прво, а не пошто сум некој фан на Клио.
Браво за стариот твој, се надевам дека уште билион години ќе си го вози Аурисот, и уопште никад нема проблем да види со него.
За во иднина, здравје Боже, што ке си купувате, и на кој начин ќе стигнете до одлуката за кој автомобил да го купите, си е ВАША работа, и ничива друга. Дали статистика ќе ви биде клучен фактор, или лично искуство, или гатање на гравчиња, и тоа си е ваша работа. Претпоставувам дека за што год се одлучите, нема да биде лош избор, пошто заедно сте стигнале до таа одлука.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #41 на: 14 Јануари 2011, 22:19:17 pm »
Хаха, ако постот ми звучеше карачки, воопшто не беше таков. Мислев дека сакаш да зборуваме за статистиката и веројатноста, бидејќи, според мене се многу битен дел при избор на нов автомобил. Всушност, сите активности кои ги правам на работа ми се врзани токму со тие две работи, статистика и веројатност, па така покрај тоа што верувам во нив (и не верувам во господ и  дедо Мраз), некако ми се милувана тема на дискусија.

Енивеј, во право си за тоа дека ќе си купуваме тоа шо си сакаме, но тоа не е причина да не зборнеме овде во врска со тоа. Оувр енд аут, ојдов да поспијам.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #42 на: 21 Јануари 2011, 12:28:24 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:28:19 pm zippo »

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #43 на: 21 Јануари 2011, 12:38:38 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:27:29 pm zippo »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #44 на: 21 Јануари 2011, 12:43:14 pm »
Zippo што сакаше да кажеш со постов, освен што ти сметаат Гојдо и Филип?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.