Па да... Само што Голф е Голф, и не е за џабе... Затоа сите пробуваат да бидат како него, ама никој не успеал... Само успеале доволно да му се приближат (Форд Фокус, Опел Астра. Леон не го ставам тука, пошто е мање-више Голф
). Како што може да се примети, „листата“ на реални и фактички конкуренти на Голф, не ги содржи нити јапонските, нити корејските, а богами нити француските возила. Тоа не значи дека тие се лоши, или што ти ја знам што, туку едноставно, дека тие НИКОГАШ не биле достоен противник на Голф. На пример, мене новиот Меган ми се свиѓа, и би го турил во комбинација, ако треба да зимам кола од таа класа (компактен хечбек). Пежо 308 не би го ни ѕирнал, пошто едноставно не ми се свиѓа... ама ич! Цитроен Ц4.... сеуште не... новиот изгледа доста добро, ама ќе видиме како ќе се покаже за возење. Што фали друго... Фиат Браво... Само би го гледал, и би се сликал со него... Имам возено 1.9 Мултиџет и не ми направи мерак. Е на пример, ептен ич неам појма Тојота Аурис каков е... неам ни влезено во таа кола, а не па да ја возам
Хонда Сивик ептен ми праи мерак, ама мислам дека не ја сметаат за достоен конкурент на Голф, поради преавангардниот дизајн. Киа и Хјундаи? Секоја чест за наградите што ги освојуваат, ама јас лично, не би... Нити едното, нити другото. Единствено еве, Киа Спортејџ (ваљда?) ми прави мерак на око, ама треба да се вози количето, за да се дојде до заклучок. Го возев прошлиот модел, и таа кола е една од ретките што ме има преплашено, малтене до смрт, поради фасцинантната способност, возењето со најнормална брзина од 60-70 км/х, да го долови како сурфање на даска од шилци, и тоа на торнадо, а не на бранови. Језиво...
За Меган 1.4 ТЦе имам разбрано дека не е баш живчан колку што се очекува да биде, ама го немам лично возено, па не би тврдел дали е така или не е...
Што е до Каптивава, нормален потег е, пошто као што спомна колегата, треба кај и да е да ја донесат новата, па сеа чистат плацеви