Автор Тема: Најдобар нов автомобил за парите  (Прочитано 33188 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #15 на: 06 Јануари 2011, 19:44:25 pm »
Неам појма за Рено, само би те замолил да не пишуваш со CapsLock (големи букви), затоа што тоа му доаѓа како да се дереш :)

За Меган сум слушнал различни искуства, од презадоволно до тоа дека уште у гарантен рок им рикнувале ствари, крцкала пластика и слично.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #16 на: 07 Јануари 2011, 00:35:52 am »
Ај и јас со првиот пост на овој форум, поздрав до сите што ги знам а се доста и до тие што не ги знам Киа Спортаж за мене лично е феномен, прв сув со цена од 16500, е сега му се приклучи и их35 со истата таа цена и ги има собрано  сите познати награди во полето на компактни сув од кога е излезен од ноември 2010, за цената многу добиваш, многу повеќе според мене од голф или астра, во ревиите особено за киата завршните материјали ги споредуваат со возила од повисоката класа, сето тоа се должи мислам на новата фабрика во Словачка која е најмодерна во европа и безобразното вложување во развојот на овие 2 модели од неколку милјарди евра, сакаат да го заземат приматот на јапонскиот квалитет, зато тој 1.6гди е развиен заедно со митсибуши, и е сличен многу на ввти моторите на тојота само овој што е со директно вбризгување на горивото. 

Отсутен gorangoran

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #17 на: 11 Јануари 2011, 12:46:58 pm »
За Меган сум слушнал различни искуства, од презадоволно до тоа дека уште у гарантен рок им рикнувале ствари, крцкала пластика и слично.

Имам Меган 1,5 дци 105 кс од 2007 год. Поминати 90000 км, без никаков дефект. Еднаш климата (автоматска) откажа, кажаа дека е грешка у компјутер, ја поправија за 5 мин. Друг никаков дефект немам, еднаш сменето јабучица. Потрошувачката е супер добра, ако возиш на автопат до 140 нема да ти оди повише од 5л, просек град - отворено ти е 5,5л. Пластиката не е најквалитетна, повремено има крцкање, но само преку зима. Инаку имаше страшно крцкање кај столбовите на вратите и толку беше лошо што сакав да ја продадам колата, но ми кажаа со WD40 да ги испрскам бравите на вратите и сите шарки, откако тоа го направив крцкањето го снема. Од редовно одржување имам сменето ремени на 70000 илјади (иако во сервисот викаа дека треба да се сменат на 60000) и чинеше 14000. Промена на масло ти е на 10000 км, фул синтетик мора да ставаш, ЕЛФ 2200-2400 денари + филтер оргинален 800 ден. Филтер за гориво е скап, преку 2000, јас го мењам на 20000. Плочки на дискови мењав два пати (40к и 80к), оргинални околу 4000 илјади, може и со заменски околу 2000 коштаат. Сијалици Х7 стално горат, некаде у година 3 пара мењам (околу 400-500 денари).
Што се однесува до вожњата, удобна е, само препорачувам 16 инча тркала, мојата идеше со 17-ки и едно доста е потврда вожњата, а друга работа што гумите се прескапи кога треба да се мењат. На автопат без проблем се одржува брзина, има снага за претицање доволно.
Новата генерација сигурно е подобра, така да мислам дека е добар избор. Гледав сега можеш со попуст да земеш нов Меган со ист мотор (105 кс е многу подобар од 85, плус иде со менувач со 6 брзини) за 14500 - 16000 евра, мислам дека е сосема коректна цена, со солидна опрема. За тие пари неможеш голф бензинец да купиш а за дизел да не зборуваме. Ако е за фамилијарна кола, новиот флуенце е супер, пред една недела го гледав у салон, за 16500 имаше дизел 1,5, со супер опрема.
« Последно менување: 11 Јануари 2011, 12:59:54 pm Banzai »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #18 на: 11 Јануари 2011, 13:10:52 pm »
Да те исправам можеш да земеш многу солиден Голф бензинец за 14.500-16.000, ама не дизел. Гледам во каталог 17.990 е 105кс дци моторот, значи попуст имаат од 1500 евра што е солидно. Е сега купето го гледам е:
1.4 ТЦЕ за 17.000 со металик и попуст е 16.000
1.5 дЦи за 18.500 со металик и попуст е 17.500
Земав за пример купе (500 евра е разлика од обичната), зошто е поубаво. Неспорно дека дизелот е одличен, ама сосе попуст (ако е 1500 еур) е премногу блиску до Голф.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Најголемо ѓубре за парите!
« Одговори #19 на: 11 Јануари 2011, 17:16:53 pm »
{SUV треба да се забрани}

Сите што купија каптива ги поздравувам со песната: „Попуст“!!! Анкета, како се чувствувате со тоа што во вашата колозетска шоља ставивте 4000-7000 ЕВРА и пуштивте вода!?
ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЈ! Вакво сечење немало од '44та... Ууууууууф, тачно меѓу нозете со буздоган. Матер...

А Челенџер Апиарс!!!!

Каптива 2.0 Тдизел 2х4М ЛС од 22,500 на 16,800
Каптива 2.0 Тдизел 4х4М ЛТ од 30,900 на 24,500
Каптива 2.0 Тдизел 4х4А ЛТ од 37,500 на 31,000

Лееееелееееееј!!! Грабеж на милениумот! Им влегоа по дома на луѓето и им украдоа по 5000 евра. Машала, машала! Учете малку децаааааа! Вака се краде народ!
Застапниците на Шевролет им ја честитаат новата година на сите верни корисници на Каптива!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #20 на: 11 Јануари 2011, 17:21:41 pm »
Со скоро секое ауто е така пред да дое ред да се мења со понова генерација.. Овие ги донесоа набрзинка и сите ги продадоа, колку што знам више нема.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #21 на: 11 Јануари 2011, 18:18:21 pm »
Да те исправам можеш да земеш многу солиден Голф бензинец за 14.500-16.000, ама не дизел. Гледам во каталог 17.990 е 105кс дци моторот, значи попуст имаат од 1500 евра што е солидно. Е сега купето го гледам е:
1.4 ТЦЕ за 17.000 со металик и попуст е 16.000
1.5 дЦи за 18.500 со металик и попуст е 17.500
Земав за пример купе (500 евра е разлика од обичната), зошто е поубаво. Неспорно дека дизелот е одличен, ама сосе попуст (ако е 1500 еур) е премногу блиску до Голф.

A Golf e ...?!

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #22 на: 11 Јануари 2011, 18:22:07 pm »
{SUV треба да се забрани}
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Сите што купија каптива ги поздравувам со песната: „Попуст“!!! Анкета, како се чувствувате со тоа што во вашата колозетска шоља ставивте 4000-7000 ЕВРА и пуштивте вода!?
ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЈ! Вакво сечење немало од '44та... Ууууууууф, тачно меѓу нозете со буздоган. Матер...

А Челенџер Апиарс!!!!

Каптива 2.0 Тдизел 2х4М ЛС од 22,500 на 16,800
Каптива 2.0 Тдизел 4х4М ЛТ од 30,900 на 24,500
Каптива 2.0 Тдизел 4х4А ЛТ од 37,500 на 31,000

Лееееелееееееј!!! Грабеж на милениумот! Им влегоа по дома на луѓето и им украдоа по 5000 евра. Машала, машала! Учете малку децаааааа! Вака се краде народ!
Застапниците на Шевролет им ја честитаат новата година на сите верни корисници на Каптива!

Vlaknoto i gredata vo svoite i tugite oci...klasika
Golf ako spadne od 18.000 na 14.000 e najdobra odluka na decenijata, srekni se site , osobeno tie sto go platile po 18.000 ..a captivata koa ke ja simnat e grabez i buzdogan megu noze :):)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #23 на: 12 Јануари 2011, 00:53:11 am »
Па да... Само што Голф е Голф, и не е за џабе... Затоа сите пробуваат да бидат како него, ама никој не успеал... Само успеале доволно да му се приближат (Форд Фокус, Опел Астра. Леон не го ставам тука, пошто е мање-више Голф :)). Како што може да се примети, „листата“ на реални и фактички конкуренти на Голф, не ги содржи нити јапонските, нити корејските, а богами нити француските возила. Тоа не значи дека тие се лоши, или што ти ја знам што, туку едноставно, дека тие НИКОГАШ не биле достоен противник на Голф. На пример, мене новиот Меган ми се свиѓа, и би го турил во комбинација, ако треба да зимам кола од таа класа (компактен хечбек). Пежо 308 не би го ни ѕирнал, пошто едноставно не ми се свиѓа... ама ич! Цитроен Ц4.... сеуште не... новиот изгледа доста добро, ама ќе видиме како ќе се покаже за возење. Што фали друго... Фиат Браво... Само би го гледал, и би се сликал со него... Имам возено 1.9 Мултиџет и не ми направи мерак. Е на пример, ептен ич неам појма Тојота Аурис каков е... неам ни влезено во таа кола, а не па да ја возам :) Хонда Сивик ептен ми праи мерак, ама мислам дека не ја сметаат за достоен конкурент на Голф, поради преавангардниот дизајн. Киа и Хјундаи? Секоја чест за наградите што ги освојуваат, ама јас лично, не би... Нити едното, нити другото. Единствено еве, Киа Спортејџ (ваљда?) ми прави мерак на око, ама треба да се вози количето, за да се дојде до заклучок. Го возев прошлиот модел, и таа кола е една од ретките што ме има преплашено, малтене до смрт, поради фасцинантната способност, возењето со најнормална брзина од 60-70 км/х, да го долови како сурфање на даска од шилци, и тоа на торнадо, а не на бранови. Језиво...

За Меган 1.4 ТЦе имам разбрано дека не е баш живчан колку што се очекува да биде, ама го немам лично возено, па не би тврдел дали е така или не е...
Што е до Каптивава, нормален потег е, пошто као што спомна колегата, треба кај и да е да ја донесат новата, па сеа чистат плацеви :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #24 на: 12 Јануари 2011, 01:06:33 am »
Se sto se prodava vo evropa na NOVO e preskapo.
1.4 Golf za nad 17.000 evra?
Daj ne zezaj.

Na loto da go dobijam ke go prodadam i za istite pari ke zemam nesto 5 godini postaro, 5 pati po ubavo na izlged i 10 pati pobrzo.

Отсутен gorangoran

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #25 на: 12 Јануари 2011, 08:44:31 am »
Ми се допаѓа темава, јас ги пренесов моите искуства со Меганот, би било добро кога би имале повеќе лични искуства, едно се рекламите на произведувачите, друго е реалноста. Денеска помалку или повеќе сите нови коли се добри, разликите се во нијанси и парите кои се даваат за нив. Исто така многу важно е да се знаат трошоците за сервиси, одржување и сл.
Меганот купе што е споменат погоре е ок, убав изглед има, амо мене лично не би ми завршил работа, немам намера да излегувам секогаш од кола кога ќе треба децата на школо да ги оставам...
Во новиот Голф 6 ме возеа два пати, прв впечаток ми остави навистина супер квалитетна внатрешност (навистина супериорна во однос на мојот Меган од 2007 год., моторот (1.6 тди) е супер (според зборовите на сопственикот кој претходно имал Меган 1,5 дци голфот троши отприлика 1 л повеќе од меганот), накратко - класичен голф, без никакви мани. Има супер опрема внатре, меѓутоа со таква опрема чинел 20000. Дали е многу или малку, тоа е веќе друга работа.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #26 на: 12 Јануари 2011, 19:57:44 pm »
Se sto se prodava vo evropa na NOVO e preskapo.
1.4 Golf za nad 17.000 evra?
Daj ne zezaj.

Na loto da go dobijam ke go prodadam i za istite pari ke zemam nesto 5 godini postaro, 5 pati po ubavo na izlged i 10 pati pobrzo.

Abe aj i ti kakov si :). Sakas da si kupis kola za sebe namesto da si kupis kola "za narod"

Отсутен fole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #27 на: 13 Јануари 2011, 10:24:15 am »
Ајде да разговараме кој нов автомобил нуди најмногу за цената. Јас мислам дека е овој кореецот:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Добиваш SUV со 135 кс и следниов список на опрема:
Опрема LX:
- ABS+EBD +TCS (TCS само кај 4WD)
- средишен потпирач за рака
- 2xAirbag(возачки и совозачки)
- возачко седиште подесиво по висина
- далечинско централно заклучување со аларм
- заден спојлер
-кодиран клуч
- држач за пијалоци на предна конзола
- Imobilizer
- подесиви потпирачи за глава напред и назад
- предни светла за магла
- кровни носачи
- сензор за дожд
- потпирач за рака на задна клупа
- RDS+CD+MP3+USB+AUX со 6 звучника
со држач за пијалоци
- клима уред
- ролетна во багажен простор
- патен компјутер
- централно осветлување на кабината
- серво волан подесив по висина
со постепено затемнување
- електрика на прозори напред и назад
- делива задна клупа 60:40
- надворешни рачки во боја на каросерија
- сигурносна брава на задни врати
- браници во боја на каросерија
-резервно тркало со стандардна големина
- метална декорација во внатрешноста
- алу бандажи 16" и пневматици 215/65R

за цена од еден Голф 1.4 со пепељара :)

Значи цената на овие количе е само 16.500 евра!!!

Кога ја гледам листава на опрема сфаќам само едно.
ека Корејциве научија од Германциве.
Листа импресивна ама кога ќе погледнеш нема ништо освен основна опрема што и не треба да се спомнува...све друго со доплата. ЦЦЦЦЦЦЦ Кај иде светов.
Што бе само 2 перничиња??? ЕСП со доплата само кај 4WD изведба????!!!!
Само шминка другари...бандаши, УСБ радио ЦД.....
Али ај , за таа цена толку. Ама кога ќе ставиш све што треба да има едно модерно возило ќе испадне како и другите појаки марки.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #28 на: 13 Јануари 2011, 10:54:54 am »
Ајде да разговараме кој нов автомобил нуди најмногу за цената. Јас мислам дека е овој кореецот:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Добиваш SUV со 135 кс и следниов список на опрема:
Опрема LX:
- ABS+EBD +TCS (TCS само кај 4WD)
- средишен потпирач за рака
- 2xAirbag(возачки и совозачки)
- возачко седиште подесиво по висина
- далечинско централно заклучување со аларм
- заден спојлер
-кодиран клуч
- држач за пијалоци на предна конзола
- Imobilizer
- подесиви потпирачи за глава напред и назад
- предни светла за магла
- кровни носачи
- сензор за дожд
- потпирач за рака на задна клупа
- RDS+CD+MP3+USB+AUX со 6 звучника
со држач за пијалоци
- клима уред
- ролетна во багажен простор
- патен компјутер
- централно осветлување на кабината
- серво волан подесив по висина
со постепено затемнување
- електрика на прозори напред и назад
- делива задна клупа 60:40
- надворешни рачки во боја на каросерија
- сигурносна брава на задни врати
- браници во боја на каросерија
-резервно тркало со стандардна големина
- метална декорација во внатрешноста
- алу бандажи 16" и пневматици 215/65R

за цена од еден Голф 1.4 со пепељара :)

Значи цената на овие количе е само 16.500 евра!!!

Кога ја гледам листава на опрема сфаќам само едно.
ека Корејциве научија од Германциве.
Листа импресивна ама кога ќе погледнеш нема ништо освен основна опрема што и не треба да се спомнува...све друго со доплата. ЦЦЦЦЦЦЦ Кај иде светов.
Што бе само 2 перничиња??? ЕСП со доплата само кај 4WD изведба????!!!!
Само шминка другари...бандаши, УСБ радио ЦД.....
Али ај , за таа цена толку. Ама кога ќе ставиш све што треба да има едно модерно возило ќе испадне како и другите појаки марки.

Според тебе, кои од горенаведените работи не би требало да се набројат?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #29 на: 13 Јануари 2011, 12:10:50 pm »
Па не знам што треба повеќе да ти дадат од опрема кој јапонски или европски производител нуди повеќе во основна опрема, ти даваат се што ти треба сем воздушни перничиња за кои се доплаќа 200 евра.