Да рефразирам - сум видел колкави се платите. Почетна во Битолски Кромберг е 12.000. Ова не е висока плата, не е хумана плата. Нека иде некој нека преживее со 12.000. Еден од инвеститорите во кол центар мислам рече дека доаѓаат тука бидејќи се ниски платите, а не за друго и човекот беше во право.
Имам многу блиски роднини, братучеди, а и сестра ми и мајка ми што работат во кромберг. Вистина е дека 12000 е почетна, меѓутоа после една година работа, башка и што се оди на смени, бонуси едно друго, и скоро секој зема над 15000 плата, а некои земаат и до 25000ден (за со средно збораме во зависност од работната позицијата), за со факултет тие другите не знам.
Не е wow платата, меѓутоа, за општ работник во Битола ретко кој плаќа повеќе, а никој од нив не ти плаќа превоз и храна, а само господ знае како си осигуран, најверојатно на пола работно време.
Во Цермат другари се пробаа, 6 дена на работа, 1 дома, плата послаба, ни јадење ни превоз, ама сладоледи колку сакаш јади, надвор +30степени, вкомора цел ден реди пакети на -20.
Сега едниот во Тинекс работи (мислам не повеќе) исто срање, растовар на робата, по 100 тона млеко, вода, сокови од камион вмагацин, на рафтој/фрижидери.
1 ден одмор во неделата, ама не во недела туку како ќе се погоди.
Другиот касап работи вмесарница, нема ден одмор, двајца се што се менуваат, а ако сакал за на лето 1 недела, треба да работел месец два турбо секој ден.
Во „фабрика“ за бекатон, 1000-1500ден дневница за утовар растовар на: се разбира бекатон, неколку иљади тона дневно. Прашина НА.