Не знам дали сеуште постои фирмата во Македонија, ги има скоро во цел свет такви фирми. Mystery Shopper обично така се претставуват фирмите, во Македонија имаше една мислам дека Сворд(Sword) се викаше, дали сеуште работи не знам, ама знам луѓе што работеле. Поентата е, газда на фирма/компанија сака да знае како работат неговите вработени и им праќа шпион(барем шпиони имаме за извос) со претходно сработено сценарио. Да речеме имаш бутик, ама не знаеш продавачката како се однесува со муштериите и сакаш да дознаеш, зошто и од продавачката ти зависи и бутикот, нејзиниот однос со клиентите и заинтересираност за работа е многу важен детал за успешен бизнис. И така газдата те изнајмува тебе, ти вика оди и потражи демек си заинтересирана за палто, па што ке ти предложе и сл. На крај купеш едни чорапи од 50ден, газдата ти даде пример што сакаш да си купеш до 100ден од бутикот, ама мораш да имаш фискална сметка за доказ, плус ти плате да речам 200ден за услугата и превоз доколку фирмата е надвор од Скопје. Јас имам работено во Шведска на тој принцип, пример имаше за во Икеа, платен ручек, платен пат до 50км(плаќат 18круни по литро, а бензинот е 13круни), прошеташ се на нивна сметка, само треба да ги прашаш некое прашање и да видеш како ке се однасат вработените со тебе, дали ке ти понудат, со кој си разговарал, итн. Најмногу ми е ќеф кога има понуда за проба на возила(тестдрајв), обилено ми е. Платен превоз, треба да видеш како ке се однесува со тебе, дали ке ти понуде и што ке ти понуде, ке се распрашаш за одреден модел и пробаш кола. Едвај чекам од БМВ да излезе понуда за новата 5ка, и беспари ако треба ке го сработам
