Поволностите кои се нудат во Македонија за привлекување на странски инвеститори се едни од најповолните во Европа и во регионот и вклучуваат :
• 10 години даночни ослободувања – Инвеститорите во ТИРЗ се ослободени за период од 10 години од плаќање на данок на добивка и 100% се ослободени од персонален данок на доход за период од 10 години, така што ефективната стапка на персоналниот данок на доход изнесува 0%.
• Земјиштето во ТИРЗ во Република Македонија се дава под долгорочен закуп за период до 99 години.
• Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи.
• Бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа.
• Владата на Република Македонија учествува во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ во висина до 500.000 евра, во зависност од бројот на нови вработувања и висината на инвестицијата на корисникот.
• Царински зелен канал за стоките.
Секако државата од пред нешто повеќе од година почна да плаќа придонеси за:
Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години. За работодавачите,пак кои ќе вработат лица на возраст од 35 до 50 години, а кои биле 10 години без работа, ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси пет години со обврска уште една година да го задржат работникот. Оние, пак, кои ќе вработат лица над 50 години ќе бидат ослободени од персонален данок и социјални придонеси пет години без обврска после тоа да ги задржат вработените. Оваа мерка ќе се однесува и за оние кои ќе вработат лица над 58 години. Тие фирми ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси, односно до пензионирањето на тој работник. Оние работодавачи, пак, кои ќе вработат лица од ранливите категории како што се самохраните родители, лицата од еднородителските семејства, оние со три или повеќе деца, ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од пет години без обврска да ги задржат вработените.
Последната група која ќе биде опфатена со овие мерки се ранливата категорија на граѓани – самохрани родители и еднородителски семејства, семејства со три или повеќе деца, приматели на социјална помош, професионални војници кои веќе не работат, деца без родители и родителска грижа, лица со инвалидитет и родители на деца со посебни потреби. За оваа категорија на граѓани се предвидува ослободување од плаќање придонеси во период од 5 години, без никаква обврска за работодавачот потоа.