Се додека има вишок на работна сила,платите и условите ќе бидат лоши,државата абер нема да направи нешто во врска со тоа.Вработен сум во странска инвестиција,една од најголемите и можам да кажам дека ние Македонците сме најненае-лив народ,никој не може да не изнае-и толку многу колку што ние можеме да издржиме.Самите од себе си страдаме.
Во фабриката првите 100-150 вработени беа сите по партиска линија,90% од тие сеуште се во фабриката и се на повисоки функции со повисоки плати,но сите до еден се плукани низ градот.За возврат на повисоката функија и плата тие мораат секојдневно да омаловажуваат,потценуваат,навредуваат и да го кршат законот за работни односи.
Платата на 90% од вработените им е минималната која со сменско и ноќно работење достигнува до некои си 14000-15000.Се почитува плаќањето од 5% за сменско и 35%за ноќно,прекувремено работење.Не се почитува максималните 40 редовни +8 прекувремени работни часови во неделата,се работи и повеќе од 48ч во неделата.За користење на одмор е многу тешко кога сака работникот,не важи 10 ден кога сака работникот 10 фирмата.За храна се одбиваат 180денари,реално храната не чини повеќе од 80-90денари,некој дебело си се богати.
Тие 5%-10% кои се на повисоки функции се на тие функции бидејќи не знаат да одбијат ниту една нарачка или наредба од нивниот надреден,без разлика дали се има капацитет и можност,се удира по работникот и тој ќе работи 7 дена во неделата по 8-10ч за да се задоволи Фирерот.
Сите странски инвестиции сите репро и помошн материјали се од нивните матични земји,тоалетната која се користи е наша.
Според мене бедно е да работиш за плата од 12-14000д,барем минималецот да е 15000 со што би се допрело до некои си 18000 ден.
Тоа ни е кога живееме во банана држава во која владее партиската книшка а не дипломата.