Автор Тема: Вработување  (Прочитано 785384 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #3015 на: 07 Февруари 2017, 22:59:34 pm »
Да не зборам за тие овци што идат на интервју и прифаќаат да работат за помалку иако ја знаат платата за работното место, примери еден куп.
Па малку е ебење на овој народ.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #3016 на: 07 Февруари 2017, 23:05:46 pm »
Јас познавам повеќе такви газди кои опуштија работници... не само што се жалеа. Многу е лесно државата да одреди минимална плата,  прашај некој на кој работната рака му е најголема ставка, не гледај само на тебе како ти одговара. Додека на странските инвестиции им се нудат поволности меѓу кои ослободување од придонеси, така и јас ќе давам плата 15000 кога нема да плаќам придонеси и други давачки, кои ги немаат странските компании.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #3017 на: 07 Февруари 2017, 23:09:09 pm »
Види игор немој да мислиш дека они од што им е добро прифаќаат, прифаќаат од што се на мака и безпарица а од друга страна "газдите" ја користат слабоста на тие луѓе. Нека заздрави малку општеството па да видиш како  ќе се сврти тркалото. Јас познавам тројца што неможат да се стабилизираат само заради работници а од друга страна познавам и еден што не поштуваше ништо и падна многу за да му дојде паметот и сега да е минимална кај него 20000 денари.

Sent from my Huawei P9


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5384
Одг: Вработување
« Одговори #3018 на: 07 Февруари 2017, 23:09:43 pm »
Пак тој 15 000, плата ли е 15 000. Јас разбирам и кризи и глупости и се. Ама дали малце ви текнува дека ако минималната е 300е ќе се раздвижат парите, или битно вас стомакот и сметките пуни другите кој ги јебе.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #3019 на: 07 Февруари 2017, 23:14:39 pm »
Да беше толку едноставно Катар немаше да ни биде рамен. Сите ќе качат плата и готово.  Све експерти ....

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #3020 на: 07 Февруари 2017, 23:19:06 pm »
Единствено позитивно во странските инвестиции е што пред нив ви работеа за 6000 денари за сега да мора да давате и вие 12000, по се изгледа и затоа си прокомуњарски настроен.

Sent from my Huawei P9


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Вработување
« Одговори #3021 на: 07 Февруари 2017, 23:25:03 pm »
Јас познавам повеќе такви газди кои опуштија работници... не само што се жалеа. Многу е лесно државата да одреди минимална плата,  прашај некој на кој работната рака му е најголема ставка, не гледај само на тебе како ти одговара. Додека на странските инвестиции им се нудат поволности меѓу кои ослободување од придонеси, така и јас ќе давам плата 15000 кога нема да плаќам придонеси и други давачки, кои ги немаат странските компании.

Сите придонеси за вработените, царински давачки итн се плаќаат во зоните, некои од странските не се ни во зона, не е се така како на тв што ви кажуваат

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #3022 на: 07 Февруари 2017, 23:37:11 pm »
Значи алал да ти е.... Експерт во сите полиња... Јас не сум од комунистичките времиња, 32 години имам и сум работел за плата помала од таа што јас ја давам како минимална, во позната компанија. И што е прокомуњарски во тоа што посочив,  не знам. Не е така едноставно на 50 вработени да им покачиш плата за 100 евра... тоа се 60 000 евра годишно.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Вработување
« Одговори #3023 на: 07 Февруари 2017, 23:39:34 pm »
Тетка ми 10 години имаше плата 14000 и седеше на работа зашто чекаше пензија. На крај технолошки.
А нејзиниот директор лапаше по 2000 еур месечно и + тендери. Има уште мал милион вакви случаи. На вереницата мајка и работи кај нотарка која минатата година имала околу 70000 ЕУР чист профит. Нејзе и дава минималец, а ја вика на работа и сабота и недела, зашто знае дека чека пензија, а останатите вработени зимаат максимум 16000. Без грам срам и човечност.
Значи алал да ти е.... Експерт во сите полиња... Јас не сум од комунистичките времиња, 32 години имам и сум работел за плата помала од таа што јас ја давам како минимална, во позната компанија. И што е прокомуњарски во тоа што посочив,  не знам. Не е така едноставно на 50 вработени да им покачиш плата за 100 евра... тоа се 60 000 евра годишно.
Поранешните 15000-20000 денари не се исти со денешните 15000-20000 денари.
Ако те прашаме колку си се плаќаш самиот нема да кажеш 20000.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #3024 на: 08 Февруари 2017, 00:06:48 am »
Ако добро оди работата на газдата треба да има бонуси, треба да има редовни покачувања. Но никако не треба да гледате дали газдата заработувал милион или 1000 евра годишно.

Дали ако фирмата е во загуба и не иде работата, работниците ќе извадат од џеб и ќе му дадат на газдата, или пак само ќе ги интересира плата да си земат или да си најдат ново работно место?

Кај нас скроз се испомешани работите. Од газди кои мислат дека е сеуште робовладетелство до работници кои мислат дека се сеуште во самоуправување и дека фирмата е третина нивна, две третини на газдата. Едните гледаат да им пројде денот што побрзо, другиве гледаат што помалце да платат и што повеќе да остане за нив. Секако со чест на исклучоци кај двете категории.

Тие што мислат дека е лесно да си газда нека земат кредит, нека отворат било каква фирма и нека му ја мислат за редовни плати, за редовно подмирување сметки, за редовно наоѓање на работа и наплата на сработеното, па после нека дојдат тука и нека напишат како е со милионите на крај на година :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Вработување
« Одговори #3025 на: 08 Февруари 2017, 00:17:39 am »
Не ти е лоша идејата работниците да имаат 100% сопственост со минимален менаџмент, така ако работат добро ќе земат добри плати, ако забушаваат нема плаќање смети. Да не речам ко комунизам ;D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Вработување
« Одговори #3026 на: 08 Февруари 2017, 00:23:23 am »
Ако те прашаме колку си се плаќаш самиот нема да кажеш 20000.

Тој и не треба да се плаќа 20.000. Дечкото имал идеја, ризикувал, вложил- обезбедил работа, дава плата, подмирува сметки и слично. Навечер пред да заспие сигурно во глава размислува што како, утре треба да се обезбеди порачка, да се наплатат побарувања, кредит да се плати, а работникот мирно спие и не му се замара, после 16.00 чао пријатно. :)

Банза многу убаво објасни, пост на место. :)

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Вработување
« Одговори #3027 на: 08 Февруари 2017, 00:43:07 am »
Ако те прашаме колку си се плаќаш самиот нема да кажеш 20000.

Тој и не треба да се плаќа 20.000. Дечкото имал идеја, ризикувал, вложил- обезбедил работа, дава плата, подмирува сметки и слично. Навечер пред да заспие сигурно во глава размислува што како, утре треба да се обезбеди порачка, да се наплатат побарувања, кредит да се плати, а работникот мирно спие и не му се замара, после 16.00 чао пријатно. :)

Банза многу убаво објасни, пост на место. :)

точно така, за ова не ни треба да се зборува.. едноставно ако некој ти нуди подобри услови оди кај него. Nonsense е да се мисли дека мали се плативе во државава оти газдите малку плаќаат. Мали се платите бидејќи никој не сака да плати за она што ние го нудиме, од туристичка понуда до ефитна работна сила. А зошто не сакаат, е тоа е подолга тема.. Али олабавете ги нашиве газди..

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Вработување
« Одговори #3028 на: 08 Февруари 2017, 00:50:21 am »
Во најдобар интерес на работодавецот е да ги плаќа што помалку работниците, идеално би било ич. До владата е да гарантира минимална плата со закони кои ќе ги спроведува, висината на платата над тој минималец е одредена од тоа колку работници се слободни за најмување, се додека пазарот на работници е огромен платите ќе бидат мали, кога ќе се намали т.е. кога сите ќе имаат некаква работа платите ќе мора да одат нагоре.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Вработување
« Одговори #3029 на: 08 Февруари 2017, 01:18:40 am »
Во најдобар интерес на работодавецот е да ги плаќа што помалку работниците, идеално би било ич. До владата е да гарантира минимална плата со закони кои ќе ги спроведува, висината на платата над тој минималец е одредена од тоа колку работници се слободни за најмување, се додека пазарот на работници е огромен платите ќе бидат мали, кога ќе се намали т.е. кога сите ќе имаат некаква работа платите ќе мора да одат нагоре.
точно но делумно. Ако се намали невработеноста т.е достапноста на работна сила едноставно ќе биде потешко за работодавците што може да предизвика затворање или одлука за неотвораењ на бизис тука. И сега постои тоа кај нас, знам барем неколку негативни одлуки за инвестиции во МКД само поради тоа што одредени специфични кадри нема или има малку кај нас. Значи НАЈБИТНО за да се зголемат платите е работодавците или инвеститорите да имаат интерест (цена,квалитет,политика) да го купат она што ние го нудите. Тука има и политика, на пример македонија продава мед за 4-5 евра просечна цена, а не може да ги извезе во ЕУ каде вистинскиот мед е 20 евра.
Значи цела наука е како да се зголемат платите, а проблем е што други ни ја кројат судбината а ние сами сме криви за тоа.