Ако добро оди работата на газдата треба да има бонуси, треба да има редовни покачувања. Но никако не треба да гледате дали газдата заработувал милион или 1000 евра годишно.
Дали ако фирмата е во загуба и не иде работата, работниците ќе извадат од џеб и ќе му дадат на газдата, или пак само ќе ги интересира плата да си земат или да си најдат ново работно место?
Кај нас скроз се испомешани работите. Од газди кои мислат дека е сеуште робовладетелство до работници кои мислат дека се сеуште во самоуправување и дека фирмата е третина нивна, две третини на газдата. Едните гледаат да им пројде денот што побрзо, другиве гледаат што помалце да платат и што повеќе да остане за нив. Секако со чест на исклучоци кај двете категории.
Тие што мислат дека е лесно да си газда нека земат кредит, нека отворат било каква фирма и нека му ја мислат за редовни плати, за редовно подмирување сметки, за редовно наоѓање на работа и наплата на сработеното, па после нека дојдат тука и нека напишат како е со милионите на крај на година
