Автор Тема: Вработување  (Прочитано 601227 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29800
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #2565 на: 23 Јануари 2015, 12:37:26 pm »
Со други зборови, можеш да го извадиш човек од Балканот, али Балканот од човекот не баш..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вработување
« Одговори #2566 на: 23 Јануари 2015, 14:42:12 pm »
Со други зборови, можеш да го извадиш човек од Балканот село, али Балканот селото од човекот не баш..

маааалку поправено, за да биде по реално...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Вработување
« Одговори #2567 на: 23 Јануари 2015, 16:10:34 pm »
Како лабаво си ги дава, секоја чест!


Има своја банка или што и да е во Виена. Милионер ако не и милијардер. Што се 2000 евра за него.

http://www.stefan-meri.at/index.html

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #2568 на: 23 Јануари 2015, 16:29:34 pm »
И што е толку сељачки што дал 2000 евра на музика? Јас еднашка си отидов гол гз од таа музика па голем кур, еднаш се живее :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Вработување
« Одговори #2569 на: 23 Јануари 2015, 16:40:00 pm »
Така де, се слагам дека нема ништо сељачко да остаиш пари на музика. Му се може и ќе си го праи кејфот како што му чини :) Ние што ,,не можеме'' да остаиме ни 1000ден никој не ни е крив. Свака част на луѓе што се збогатиле толку, треба да имаш и к'смет ама најпрво ум! Отидовме оф топик.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8159
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вработување
« Одговори #2570 на: 23 Јануари 2015, 16:40:11 pm »
За гол гз, само голем кур  ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Вработување
« Одговори #2571 на: 26 Јануари 2015, 10:01:46 am »
http://www.kotle1.ca/kolumni/item/370-imecilidiplomi

ИМБЕЦИЛИ СО ФАКУЛТЕТСКИ ДИПЛОМИ - КОЛКУ СЕ НЕПИСМЕНИ МАКЕДОНЦИТЕ?

Една девојка на фејсбук, пред еден месец, на својот статус објави дека зела диплома од втор факултет. И ко што е ред, следеше канонада од честитки од нејзините пријатели. Откако го лајкнав статусот, малку иронично искоментирав во мој стил: Сега на кој факултет ќе се запишеш за трета диплома? Немав ниту еден лајк на коментарот и претпоставувам дека мојата упадица никој не ја сфатил добронамерно и никој не се насмеал, иако беше таква. И добронамерна и смешна.

Не знам дали нашиов народ сфаќа колку е манипулиран преку фамата за знаењето како моќ и кампањите за високото образование? Колку човек треба свесно да се самозаслепува за да не ја види двомислата во слоганот ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, зашто никогаш порано знаењето не било толку обезвреднето и понижено како денес. Никогаш порано одливот на мозоци не бил толку голем како денес. Никогаш порано, факултетските дипломи не се добивале толку лесно како што е тоа денес. Никогаш порано не се докторирало на 22 години освен ако не си Ајнштајн или Хегел. И додека нови универзитети никнуваат на секое средсело, а по телевизиите пичат рекламите за предностите на одредени факултети сѐ повеќе ми се потврдува мојата претпоставка дека целокупното образование во Македонија, а особено високото е една вулгарна манипулација и измама.

Технократите кои владеат со Македонија постојано во јавноста ги истакнуваат своите дипломи и своето образование. Сакаат да се претставуваат како светли примери пред новите генерации и својот партиски подмладок. Има дури и еден познат презентер на вести, близок до власта, кој дури и кога води тв-дневник не пропушта да ги потсети гледачите дека е новопечен професор и доктор на науки. И знам дека повеќето од овој напатен македонски народ се фасцинираат од тие саморекламерства и фалби. Па како е можно никој да не стави прст на чело и да се праша: Ако се тие толку добри, со толку јаки титули и дипломи, зошто тогаш не ја направат земјава пријатно и безбедно место за живеење. Зошто никој не ги праша Грујо, Ставре, Антонио, Илија и останатите преродбенички технократи, какви се тоа стручњаци за економија финансии и надворешна политика кога постојано ја задолжуваат земјава во странство и ја туркаат во сѐ поголема изолација?

Дали било кој од нив направил нешто добро да ја одбрани честа на својата диплома и факултетот на која ја стекнал? Напротив. Она што го гледаме од нив е крајна бескрупулозност во владеењето и дилетантизам од кој страда нивниот сопствен народ. Да имавме моќно образование кое вади квалитетен кадар, убеден сум дека тоа ќе се покажеше на дело кога-тогаш и немаше да станеме вакви шупаци какви што сме денес. Ако од нашите факултети излегуваа јаки експерти со дипломи врачени од јаки професори, зарем ќе станевме најсиромашната европска држава со најефтина работна сила? ОБРАЗОВАНИЕТО НА ЕДЕН НАРОД ПО ДЕЛАТА СЕ ПОЗНАВА! А ние такви големи дела и постигнувања во последните дваесет години - немаме. И да сме имале понекогаш по некој проблесок некаде, од фиљан поединец, сепак крајниот резултат е катастрофален и трагичен за целата држава. Затоа велам, нашето образование е голема измама која генерира само олош и дилетантизам погубен за општото добро на заедницата.

Дека вредноста на нашето образование е обезвредена, особено на високото, се гледа во бесмислената трка по факултетски дипломи и тоа во ситуација, кога секоја будала може да ги стекне. Стандардите се опасно девалвирани. Порано, на цел универзитет, се броеле на прсти од една рака оние кои имале просек 10 и тоа значело многу, а денес такви со просек 10 ги има десетици само на еден факултет. Доволно е да бидеш малку помалку ретардиран од останатите колеги и гарантирано ќе го имаш тој просек, што е апсурдно до имбецилност. Повеќе не постои никаков предизвик во стекнувањето факултетска диплома, кога секој може да ја има.

И тогаш што се случува кога осумдесет проценти од матурантите ќе се запишат на факултет зашто тоа е тренд промовиран од државата? Имате плејада дипломирани експерти од разни области кои работат како конобарки или шанкери по ноќни клубови и кафани. Нивните факултетски дипломи се дипломи за апсолвирана бескорисност. Е сега тука има една квака. Некои од нив го работат тоа зашто реално, толку им фаќа црпката, а останатите (кои се поретки) затоа што немаат партиска книшка и не можат да најдат работа по струката која добро ја изучиле. Како и да е... И едните и другите се изгубени го стари пари, со таа разлика што овие вторите се потрагични и од трагедиите на Софокле и Еврипид.

Кој само го смисли тој посран закон за задолжително средно образование? Некои просто не можат да направат разлика помеѓу книга и кавал, а ги гледаш матурираат на екстерно со оценка пет! Во стариот систем барем се знаеше. Имаше точно одреден критериум за оној кој може да стекнува знаења и академски титули и оние останатите. Па имаше тотално неписмени поединци, па такви со четврто одделение, луѓе со завршено основно училиште, вечерно или редовно, па следеа оние со гимназија, а по нив, оние факултетлиите и само ретко кој од овие последниве ќе станеше доктор на науки, ама тоа, дури по четириесетата година од животот, после десетина одбиени предлози за докторска дисертација. И не е за чудење кога еден некогашен средниста во стариот систем има далеку поголеми познавања од одредена област во однос на некој новопечен дипломец во истата област.

Пред неколку дена, во летниковецот пред зградата во која живеам, седев со неколку соседи, кога до нас седнаа две девојки, ги отворија тетратките и почнаа нешто да препишуваат во нив, од мобилните телефони. Не ми додржа срцето па ја прашав едната што препишува. Одговори дека препишува обработка на лектирата Чичко Горио, зашто немала време да ја прочита. Аха, реков, а тоа е некоја страна на интернет на којашто качуваат обработени лектири. Неееее, препишувам од блогот на една наша професорка која сама ги обработува лектирите и ги качува на својот блог. Од таму сите препишуваме, кога немаме време да прочитаме некоја лектира, па после професорката бара на час да ги прочитаме оние делови кои ни оставиле најсилен впечаток. Ете така рече средношколката од трета година во она училиште кое порано го викавме ГУЦ. Мене и на соседиве од зграда уши ни клапнаа кога слушнавме што зборува. Е после пола саат ја завршија домашната задача во летниковецот и отидоа на час. Лесно, лесно, интересно. А да, другата девојка патем се пофали дека планира да се запиша на архитектура штом матурира. Сега ми е совршено јасно дека изворот на ова архитектонско псеудобарокно лудило кое мојот роден град го направи објект на потсмев ширум светот, најверојатно доаѓа од оние кои немале прочитано ниту една лектира од Балзак, Молиер, Достоевски или Ремарк кога биле гиманзијалци.

Да резимирам. Големата опседнатост на власта со образованието и знаењето нема никаква друга цел, освен комерцијална и идеолошка. Знаењето за неа е тотално неважно. Затоа, ако веќе излегувате осакатени со диплома од некој наш селски или државен универзитет, немојте веднаш да трчате по нова, зашто со тоа само учествувате во измамата на системот и ѝ давате лесно оправдување на власта за нејзиниот економски дебакл и армијата невработени млади луѓе. Толку од мене. Поздрав, благодарам и довидување.     

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29800
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #2572 на: 26 Јануари 2015, 10:44:11 am »
Многу убаво срочено, а неквалитетот се гледа во неписменоста. Да почнеме од основната, најосновната неписменост. Луѓе не знаат за големи букви, точки и запирки. Не знаат дека после збор не се остава празно место пред да се стави запирка. Тие, основните работи не ги знаат, не па нешто друго. На ниту еден факултет не проаѓа дипломска со печатни и граматички грешки.. Ама ете, препишувањето си го прави своето.

Пред некој ден имав можност да се прошетам низ еден од нашите државни факултети, и по ѕидовите имаше постери од научни трудови. Браво, си викам, работеле луѓето.. Арно ама, постерите на англиски, а англискиот.. Жали боже. Кога прашав дали случајно се лекторираат работите пред да се понудат за објавување во странски журнали и на конференции, добив само насмевка, па чуден поглед.

Се надевам, најискрено се надевам дека еден ден луѓето во Македонија ќе сфатат дека образованието го прават прво и основно за себе, па потоа за сè друго и дека нема да го гледаат само како процес низ кој мораат да пројдат, како-така, туку процес кој има убава, чесна цел.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Вработување
« Одговори #2573 на: 26 Јануари 2015, 10:57:17 am »
Јаре, целосно те подджувам во твојата кампања против празно место после збор а пред интерпукциски знак. Гледам дека ја биеш битката веќе извесно време и морам да признаам дека стварно ме напиња моментот со празно место, поготово кога ќе дојде од некој факултетски образован лик. А за образованието... мислам дека се е кажано, иако не се согласувам со пар ствари од текстот, не се така црно бели, ама воглавно тоа е тоа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29800
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #2574 на: 26 Јануари 2015, 11:13:56 am »
Не се работите така црно бели, се слагам, али во жабокречината од медиокритет и неквалитет се губат оние што навистина ги бива. Оние 4-5 студенти од секоја генерација што стварно ги бива за она што го учеле, и не - тука не се оцените единствениот индикатор за квалитет. Секој може да научи и да положи, ама ај оди и искористи го наученото во реална ситуација после 4-5 години. Ама сè додека се учи за да се положи, не за да се научи, нема да се сменат и средат работите.

Ова со запирките ми е тазе pet peeve, има уште мал милион работи што ми сметаат. Сметам дека основна писменост треба да ја има секој, да не праиме муабет за луѓе што завршиле факултет (иако истото би го очекувал и од луѓе со завршено средно).

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17607
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вработување
« Одговори #2575 на: 26 Јануари 2015, 11:16:12 am »
Ќе помине некое време , пред да почнат луѓето да пишуваат како што треба !


;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Вработување
« Одговори #2576 на: 26 Јануари 2015, 12:01:54 pm »
Утре во Македонија ке преживее оној што знае занат, а не докторот на науки.
Едниот е реално работоспособен и работи и се усовршува од моментот кога матурирал.
Вториот живее до 30 и кусур години на трошок на родители и е работоспособен само на хартија.

Првиот ке ти наплати 1000 денари што дошол и за 15 минути ти поправил 2 казанчиња...вториот мора да го вработиш, да го научиш како се работи, да имаш потреба од она што го "докторирал", да не си во можност на друг начин да си го решиш проблемот, па тек тогаш да му дадеш пари од кои он ке преживее.

Движечка сила на развојот на сите земју во ЕУ се луѓето со завршено средно стручно образование, не магистрите и докторите на науки кои кај нас ги има со лопата да ги ринеш.

Нашиве не најдоа реален начин како да ги вработат луѓето со средно стручно образование па логичен чекор беше да се ослеснат и поефтинат условите за "магистрирање и докторирање", сето тоа проследено со кампања ЗНАЕЊЕТО ДА ТИ БИЛО СИЛА, ЗНАЕЊЕТО ДА ТИ БИЛО МОЌ.

Пази да не не...

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7440
Одг: Вработување
« Одговори #2577 на: 26 Јануари 2015, 12:14:54 pm »
Имам другарчиња/другарки на кои факсот им иде одлично, безразлика кој факс. Не каснат на испити, немаат оценка помала од 7.  АМА, ама тие кутрите НЕПИСМЕНИ не знаат една уплатница за испит да пополнат и уплатат... тие не знаат да пишуваат, не знаат лаптопот да си го уклучат-исклучат, за едно регистрирање на ибеј на глава ќе ми се качат и пак јас треба да им средам, а не дај боже да ги прашаш да ти пресметаат колку се 36 х 78.. ќе паднат у несвест !

И после 3 години, тие таквите неписмени што знаат да учат, и учат само НАПАМЕТ (се' забораваат после вториот ден од испитот)  ќе се фрцкаат со нивните ДИПЛОМИ.

Според мене ваквиот образовен систем е катастрофален. Многу, премногу глупости се учат. Се учат и се забораваат експресно. Па јебем ти дипломата скапана, кога не знаеш ништо од тоа што си го учел, ама баш ништо !  

п.с. тие глупавите и неписмените, ПРВИ ќе завршат факс.  Пошо дојде такво некое глупаво време.  Битно имаме ДОКТОРИ НА НАУКИ. ;D :D :D :D Ебем ви неписмените, не знаете 2+2 колку се, но битно имаш титула доктор на науки.


Значи, има огромна разлика од порано луѓе што имаат да речеме два факулети - и оние од сега со пет факултети. Неспоредливи се едноставно. Првите се ВРВ луѓе,  вторите  (90%) се тешки дегенерици, а само некои 10% се стварно ОК луѓе и наликуваат на првите. 
« Последно менување: 26 Јануари 2015, 12:21:42 pm Спенсер »

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Вработување
« Одговори #2578 на: 26 Јануари 2015, 12:23:05 pm »


Сликава го опишува нашето образование.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Вработување
« Одговори #2579 на: 26 Јануари 2015, 12:27:51 pm »
Јас мислам ова ќе ја долови комичноста на сезнајковците во МКД



Цитат
The Dunning–Kruger effect is a cognitive bias wherein unskilled individuals suffer from illusory superiority, mistakenly rating their ability much higher than is accurate. This bias is attributed to a metacognitive inability of the unskilled to recognize their ineptitude. Conversely, highly skilled individuals tend to underestimate their relative competence, erroneously assuming that tasks which are easy for them are also easy for others.
http://en.wikipedia.org/wiki/Dunning%E2%80%93Kruger_effect