Муабетот од Скопје отиде на нива...
1. Проблемите со вработување во Скопје траат одамна, но енормно се зголемија во изминатите 15 години. Никогаш не претставуваат проблем дојденците (и моите родители се дојденци) кои се истакнуваат со квалитет и кои можат тој квалитет подобро да го пласираат во Скопје како поголем пазар на трудот. Арно ама, кај нас најголем работодавач е државата, па имаме случај мнозинството од вработените во државната управа да се луѓе кои се дојдени во најскоро време (читај последните 15 години), и само заради своите лични или партиски врски, а не заради квалитетот. Имаме многу случаи од локално ниво, ниво на градот, училиштата, луѓе од свирипичино да имаат одговорност за одредени комунални проблеми или пак да предаваат во скопските училишта. Некој ќе се најде погоден ама срамота е за наставник да не говори литературно македонски. И како што копитата пратеници повлекоа нога и си ја донесоа сета поблиска и подалечна рода во Скопје, останатите само го следеа светлиот пример и тргнаа по нив.
За Скопје толку, за земјоделството друг пат.