Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578191 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2130 на: 14 Септември 2014, 23:00:55 pm »
Незнам за вас ама јас мислам дека има за солидна живеачка во земјоделие и сточарство кај нас, а доколку се организираат повторно во задруги и се консултираат со стручњаци од областа уште подобро ќе им биде.

Кој да слуша брат. Јас тоа цел ден пробувам да им го доловам. Ама они се хард кор стручњаци, знаат се и плачат поради тоа.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #2131 на: 14 Септември 2014, 23:07:11 pm »
Незнам колку се разбираш ама кравите на вујкото на сопругата коштаат 30000 евра и тие 25 крави ги печалел цел живот. Но во твоите очи на човекот му е многу лесно што донекаде може и да е точно НО патот што го поминал сигурно му бил многу потрнлив него ти што си мислиш. Ризикот што човекот го има (воопшто не си ни свесен дека го има) може за 24 часа од 25 крави да му остави едно теле и практично се да изгуби што печалел пола живот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2132 на: 14 Септември 2014, 23:11:47 pm »
Никој не рече дека е лесно. Ниту една дејност уствари не е лесна. Некоја е пофизичка некоја е поседечка.
Не е битно што јас мислам за трнливоста на патот. Ретко кој се родил со сите задоволства сервирани на чинија. Тоа не го коментираме.
Ја коментираме организираноста и софистицираноста на земјоделецот. Таман работа ако тој дозволи тутку така да му отиде целата заштеда од пола живот. Сигурен сум дека заштедата не му се само тие 25 крави.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Вработување
« Одговори #2133 на: 14 Септември 2014, 23:17:27 pm »
Сите тие провинцијалци што ви доаѓаат да работаат во Скопје, со тоа што се родени во село немора да значи дека наследиле земјиште и механизација!! А и некој да наследил колку толку незнаев дека автоматски со тоа нема друг избор освен да црнчи на нива по цел ден. Интересно е како си играте Богови да кажувате кој што треба да биде. Да сте работеле на нива тие 40 минути од Diesel ќе ве видев тогаш колкави стручњаци ќе бевте, а не па цел просечен ден од 10 сата на 20 степена што после сат време работа ќе ги осечате како 40.
Едино од што се живи добро моментално е сточарството, поготово крави чување, ама тоа е више друг муабет. А да се грбавиш цело лето на 40 степена и да отидеш на пазарче да му кажеш цена на граѓанинот и тој да изреагира ко да си му кажал шест цифрена сума, со тоа неможе едно Југо да се купи да се отиде до град а не па x6

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Re: Вработување
« Одговори #2134 на: 14 Септември 2014, 23:20:05 pm »
@achtung значи според тебе само во администрација треба да се работи пошто таму нема никаков ризик. Вујко и  не го знам од вчера него 10-12 г. и тој човек сака да работи и покрај тоа што е раководител во фирмата што работи и има солидна "скопска" плата.
Ај уште еден пример, старосватот пред неколку години засади 3 хектари со сливи кајсии и уште некои овошки, зема кредит (незнам каков) направи капка по капка и после му вратија дел од инвестицијата. Единствен проблем е да најде добар работник кој ќе ги надгледува и одржува овошките (овоштарникот е меѓу Неготино и Кавадарци)

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #2135 на: 14 Септември 2014, 23:23:06 pm »
Земјоделие е широк поим. Едно е да имаш земја под систем за наводнување прва класа друго е да имаш трета класа на суво. Тие што имаат добра земја, и што си работат разни култури добро заработуваат, додека на суво ни кактус не успева а камо ли нешто друго.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #2136 на: 14 Септември 2014, 23:30:05 pm »
@achtung значи според тебе само во администрација треба да се работи пошто таму нема никаков ризик. Вујко и  не го знам од вчера него 10-12 г. и тој човек сака да работи и покрај тоа што е раководител во фирмата што работи и има солидна "скопска" плата.
Ај уште еден пример, старосватот пред неколку години засади 3 хектари со сливи кајсии и уште некои овошки, зема кредит (незнам каков) направи капка по капка и после му вратија дел од инвестицијата. Единствен проблем е да најде добар работник кој ќе ги надгледува и одржува овошките (овоштарникот е меѓу Неготино и Кавадарци)
Gabau напротив, најмалку се побунив за некој да работи земјоделие. Ме нервира кога некој тврди нешто а воопшто нема поима од тоа како на пример уназад 4-5 страници каде што сите станаа експерти за земјоделие тврдејки колку вреќи пари се праеле а немаат повеќе од лажица кренато во животот. Пола сакаат да се иселат од државава пошто малку пари им се давале ама земи разбуди ги во 4 саат сабајле  да оди ДА ПРАВИ ПАРИ на нива ке земе сам ке се самоубие.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2137 на: 14 Септември 2014, 23:33:46 pm »
Државата ти дозволува да замениш неквалитетно земјоделско земјиште со друго државно. Ако не ти чини земјата го одстапуваш на државата и земаш друго поквалитетно земјиште. Ало, искусни :)

Дарковски, земјоделецот на нива работи од 7 до 12 часот типично, зависно од сезоната. Може да работи на смени односно да се менува со други и секако не работи сам. Башка работа што е навикнат :D

Achtung, не ги вулгаризирај муабетите молам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вработување
« Одговори #2138 на: 14 Септември 2014, 23:39:54 pm »
од преселба во скопје, преку девалвирање на вредноста на работата, стигнавме до есапење дали е или не е исплатливо земјоделието... тука незнам да кажам што е што, ама посочувам дека некои мои познаници плачат од кредитите што им беа дадени како екстра поволни за да набават механизација...  кукаат дека имаат големи рати за враќање...од друга страна, возат поскапи коли од мене, а јас не сум земјоделец...

стварно незнам што да кажам, освен дека секој си ја гледа својата страна на приказната од своја гледна точка и како му одговара, така прикажува...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Вработување
« Одговори #2139 на: 14 Септември 2014, 23:40:06 pm »
Државата ти дозволува да замениш неквалитетно земјоделско земјиште со друго државно. Ако не ти чини земјата го одстапуваш на државата и земаш друго поквалитетно земјиште. Ало, искусни :)

Дарковски, земјоделецот на нива работи од 7 до 12 часот типично, зависно од сезоната. Може да работи на смени односно да се менува со други и секако не работи сам. Башка работа што е навикнат :D

Achtung, не ги вулгаризирај муабетите молам.

Дали си веруваш во сопствените зборови. И дали живееме во иста држава?????
Цел живот се работиме дома земјоделие, и никогаш не било така како што го опишуваш.
Каква замена, какви бакрачи... Минимум неколку пати сум одбиван за земање земјиште под концесија. И тоа не првокласно, а неразработен рид имав намера да го садам вишни со татко ми.
Првокласна земја зеде човек што нема з од земјоделие, и сега го издава нелегално под наем на земјоделци.
Џонтра, замешај се меѓу запотените земојделци и не треси зелени за идеализираното земјоделие во Македонија.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #2140 на: 14 Септември 2014, 23:41:07 pm »
Ти изгледа само теоретски си поткован. Јас кога читам што пишуваш се осекам како да живеам во Швсјцарија

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вработување
« Одговори #2141 на: 14 Септември 2014, 23:41:10 pm »
лаки... то збориш за едно, џонтра за друго...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2142 на: 14 Септември 2014, 23:47:18 pm »
Џонтра, замешај се меѓу запотените земојделци и не треси зелени за идеализираното земјоделие во Македонија.

Ќе земам ќе се распнам на крст. Ти да не си ослепел од гледање многу во сонце?  Јас стварно не знам на кој јазик пишувам овде.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Вработување
« Одговори #2143 на: 14 Септември 2014, 23:48:03 pm »
лаки... то збориш за едно, џонтра за друго...

Знам што збори Џонтра.
Јас имам одбиени апликации за Ипард, за механизација, за концесија, фрлено производство со тони, дадено бакшиш со тони да не остане по нивите, и еден тон други практични проблеми со земјоделие. Да, јас имам механизација, единствено нешто што се работи рачно е кроењето и бербата. И пак е тешко у ПМ.

Тој збори за теорија наречена земјоделие во Македонија и колку добро се живее или може да се живее во Македонија.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2144 на: 14 Септември 2014, 23:51:25 pm »
Нашиот дел од вработените во ИПАРД (да, мои блиски пријатели и колеги) се плашат за своите работни места од што не можат да ја исполнат квотата за грантови....
Некаде сериозно заебано се греши. Прочитај во студијата што ја постирав, можеби ќе се најдеш некаде во неја.