Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578186 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Вработување
« Одговори #2115 на: 14 Септември 2014, 20:54:23 pm »
Кими да те поправам само, ставот на дени, џонтра и уште некој не е став на форумот :) Ниту пак мојот став на оваа тема е став на форумот.

Иначе горе доле се согласувам со тебе.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Вработување
« Одговори #2116 на: 14 Септември 2014, 21:02:27 pm »
Немора ти, немора козаностра ама зошто не сфаќате дека НЕКОЈ мора да ја врши и таа работа. Не секој што се родил на село наследил земја или има механизација па често мора да иде и да работи за други. Е сега некогаш ќе си каже не работам веќе вака и ќе идам ќе студирам  или работам во скопје ама не тој таму не е добредојден затоа што според вас треба да остане во својот роден крај и да работи она за што е роден. одеднаш изчезнува сиот пацифизам кој го проповедате толку години на форумов и правите селекција на наши и ваши

Секој сам си ја бра својата среќа. Не гледам зошто би го избркал од Скопје, само ме зачудуваат некогаш примри на луѓе кои повеќе би сакале да се тука и да работат како келнери, отколку да се на својата сопствена нива која веројатно ќе им обезбеди подостоинствен живот. Да е основната инфраструктура малце поздрава во нашава држава би можело за час и половина од било каде да си во Скопје. А знам и луѓе кои 20 години секој ден од Штип доаѓаат во Скопје на работа.. со валидни ставови за тоа зошто им е подобро да живеат во Штип а работат во Скопје.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #2117 на: 14 Септември 2014, 21:21:04 pm »
Било кој шо ја оставил нивата некаде дома и дошол во Скопје живеел од таа нива до денот кога се решил да дојде во Скопје.Значи има искуство со таа нива и направил избор.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #2118 на: 14 Септември 2014, 21:52:22 pm »
Точно и тоа, некој спомна поназад дека пример јаболката вреди 15 денари, он ти нуди 7. Како ќе ги продадеш, на пазарче?

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #2119 на: 14 Септември 2014, 22:00:11 pm »
А ти да пробаш едно 50 тони јаболка да ги продадеш на пазарче

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #2120 на: 14 Септември 2014, 22:03:43 pm »
Друже да не не си нешто.. ?
Прочита негде дека реков дека таа количина се продава на пазарче? Читај малку меѓу редови, мислам дека си доволно возрасен.

Или да ти појаснам: Немаш начин да ги продадеш, пошто освен откуп се продава и на пазарче, ама таму не можеш да продадеш толкава количина.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #2121 на: 14 Септември 2014, 22:06:18 pm »
Од кај знаеш дека сум доволно возрасен :)   и да извини моја грешка. Го делам твоето мислење

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Вработување
« Одговори #2122 на: 14 Септември 2014, 22:22:59 pm »
Џонтра, друже, може миљон документи и анализи да направиш. Лани со татко ми 15 тони сливи во ракија оти немаше кој да ги купи на откуп.
Пред десетина години 40 тони бостан и 20 тони компир јас лично имам изорано оти немаше кој да ги купи. Друга сезона наполнивме еден шлепер бостан (23 тона) по денар и пол откупна цена.
Имам праски со тони продавано по 8-10 денари килограм на мало. Сите пазари по источна Македонија + Скопје ги шетав на времето.

Земјоделието е  многу тежок и неблагодарен бизнис. Јака му душа на тој што го работи. Од него најмногу што може да станеш е грбав.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #2123 на: 14 Септември 2014, 22:24:41 pm »
Само малини за извоз, последно што разбрав е дека тоа се исплати. :)
Немора баш малини, ама за извоз мора. Нашиве ќе те дупат и на крај ќе си ги уништиш од инат, што е и оправдано.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #2124 на: 14 Септември 2014, 22:34:33 pm »
Полека експерти, ги искршивте тастатурите. Земјоделство кој не работел може само да продава муда за бубрези тука и ништо повеќе. Колку сопки и колку само треба многу коцки да ти се поклопат за еден земјоделец да успее да го земе тоа што го сработил толку влакна немате на главата. Читам Дени за 4 месеци ке заработел за Х6ка, може да ама на оние игрицине од фб. Све гаталци сте на форумов ама тешко дека некој патачец е од вас што вака рипате како млади зајчиња со некои факти што вие си ги мислите дека се што лета се јаде.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Вработување
« Одговори #2125 на: 14 Септември 2014, 22:35:36 pm »
Малку е проблем сам да правиш извоз, треба квоти триста чуда, не е толку едноставно

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Вработување
« Одговори #2126 на: 14 Септември 2014, 22:39:38 pm »
Полека експерти, ги искршивте тастатурите. Земјоделство кој не работел може само да продава муда за бубрези тука и ништо повеќе. Колку сопки и колку само треба многу коцки да ти се поклопат за еден земјоделец да успее да го земе тоа што го сработил толку влакна немате на главата. Читам Дени за 4 месеци ке заработел за Х6ка, може да ама на оние игрицине од фб. Све гаталци сте на форумов ама тешко дека некој патачец е од вас што вака рипате како млади зајчиња со некои факти што вие си ги мислите дека се што лета се јаде.

Ма нее, мушни прачка пиј вино е муабетот на експертите. :-)
Кој не е краден на званична вага,  ништо не знае :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #2127 на: 14 Септември 2014, 22:45:46 pm »
Малку е проблем сам да правиш извоз, треба квоти триста чуда, не е толку едноставно

Не навлегувам во тоа, али верувам дека е многу тешко.
Него сакав да кажам дека огромен ризик е да работиш и да се надеваш дека ќе го продадеш тоа во државава, доколку можеш да организираш за извоз, мислам дека тоа е вистинскиот потег.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #2128 на: 14 Септември 2014, 22:57:14 pm »
Оваа година јаболката имаат убава цена,ама нема јаболка,ги испотепа град,ги фати мраз...Е сеа во некои места има нешто останато,така да тие шо имаат род ке фатат некој денар повеќе.2-3 години им беа многу слабо платени.Познаник мој лани зеде околу 14К евра од 150т јаболка,тоа е ништо спрема тонажата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Re: Вработување
« Одговори #2129 на: 14 Септември 2014, 22:57:55 pm »
Зашто мислите дека скопјани не ги сакаат тие од внатрешноста, од кој пост тоа го заклучивте? Овде се дискутира за тоа дека тие од внатрешноста не треба по секоја цена да прифаќаат да работат за мизерни плати, пошто тоа се одразува на сите нас (ќе црнчиме за 12.000 и стално ќе има некој кој би прифатил и за 10.000 да црнчи).
А за земјоделие и сточарство ќе наведам некој пример. На сопругата вујкото во светиниколско има 25-6 крави и неколку хектари земја со двајца вработени кои зимаат 25.000 ден плата, а он секој викенд иде таму да помага. Нема за Х6 ама има за комотен живот.
Друг пример колега од работа обработува земја во с.Лисиче и продава нешто на пазар нешто на големо и периодот кога ни каснеа по 3-4 плати ние едвај тресевме ситниш з 1/8 бурек а он без 50-60.000 у џеб не беше и ни фаќаше сеир на нас "градските" деца.

Незнам за вас ама јас мислам дека има за солидна живеачка во земјоделие и сточарство кај нас, а доколку се организираат повторно во задруги и се консултираат со стручњаци од областа уште подобро ќе им биде.