Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578249 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2100 на: 14 Септември 2014, 20:01:35 pm »
Аман више! Не туку онадувај празна слама, не ми треба мене копач. Се искинав од работа 9 месеци да ви покажеме на вас земјоделците (мала шала) што треба да се прави затоа што стварно не ги бива за ништо нашите земјоделци. Со секаква мрзлива багра, наводни hard working земјодели 6 месеци време потрошив да дојдам до релевантни податоци од терен, со секакви си наводни здруженија за да им направиме анализа како да станат конкурентни и како да почнат да размислујваат. Кога одевме во Струмица да им презентираме излез од кризата го добивме истиот срање одговор кој ми го даваш и ти: што па ти имаш искуство со земјоделство. Епа од многу искуство што имаат затоа Ц Класа возат.

Прочитај дел од моите дела на темата: http://cea.org.mk/documents/Kreditiranje%20vo%20zemjodelstvoto-sostojbi%20i%20perspektivi%20-%20FINAL.pdf
Прочитај кај Заклкучоци, прочитај кај Препораки, прочитај кај Ризици, прочитај кај Тешкотии (технички, политички).
Наместо да прашаш каква врска има Кредитирањето во земјоделството со муабетов, чукни се малце по главата и размисли зошто. После дојди и прашај, ќе ти објаснам зошто.

За земјоделство треба и тиквата малку да се чукне, не е земјоделец секој што ќе купи гумени чизми.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Вработување
« Одговори #2101 на: 14 Септември 2014, 20:06:57 pm »
Треба утре да берам грозје ајде доброволци практично да видите како е  ;D .....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #2102 на: 14 Септември 2014, 20:12:00 pm »
Аман више! Не туку онадувај празна слама, не ми треба мене копач. Се искинав од работа 9 месеци да ви покажеме на вас земјоделците (мала шала) што треба да се прави затоа што стварно не ги бива за ништо нашите земјоделци. Со секаква мрзлива багра, наводни hard working земјодели 6 месеци време потрошив да дојдам до релевантни податоци од терен, со секакви си наводни здруженија за да им направиме анализа како да станат конкурентни и како да почнат да размислујваат. Кога одевме во Струмица да им презентираме излез од кризата го добивме истиот срање одговор кој ми го даваш и ти: што па ти имаш искуство со земјоделство. Епа од многу искуство што имаат затоа Ц Класа возат.

Прочитај дел од моите дела на темата: http://cea.org.mk/documents/Kreditiranje%20vo%20zemjodelstvoto-sostojbi%20i%20perspektivi%20-%20FINAL.pdf
Прочитај кај Заклкучоци, прочитај кај Препораки, прочитај кај Ризици, прочитај кај Тешкотии (технички, политички).
Наместо да прашаш каква врска има Кредитирањето во земјоделството со муабетов, чукни се малце по главата и размисли зошто. После дојди и прашај, ќе ти објаснам зошто.

За земјоделство треба и тиквата малку да се чукне, не е земјоделец секој што ќе купи гумени чизми.

А бе деца...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вработување
« Одговори #2103 на: 14 Септември 2014, 20:28:08 pm »
E со 40 минути нема Рејнџ Ровер. Си сака 3-4 месеци солидна работа за тоа.  ::)

Па ти зашто не се фатиш за мотика и место троклипно поло, за 4 месеци да возиш Рејнџ Ровер ?

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Вработување
« Одговори #2104 на: 14 Септември 2014, 20:29:29 pm »
Треба утре да берам грозје ајде доброволци практично да видите како е  ;D .....

дај му на Џонтра задача да изнаса гајбите до тракторот па да видеш како ќе направи план одма да се направи некоја жичара и по неа да ги праќаш гајбите до тракторот :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2105 на: 14 Септември 2014, 20:33:08 pm »
Каков трактор... Х5-ка веднаш ќе му обезбедам.... со кука од позади

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Вработување
« Одговори #2106 на: 14 Септември 2014, 20:38:05 pm »
Не ја сфати поентата.. лесно е да направеш план ова вака треба она онака ама некогаш не иде се така на терен. ете ти од канцеларија може да кажеш да се направи и жичара но во реалноста некој ќе мора цел ден да изнаса гајби кои не се баш лесни посебно ако цел ден веќе 5-6 часа си го правел само тоа. јас можам да се кладам дека ти нема да издржеш ни 40 минути таква работа. а рачунај во земјоделството па каков сакаш имај план НЕКОЈ мора да ја работи и таа работа.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Вработување
« Одговори #2107 на: 14 Септември 2014, 20:38:55 pm »
Фаланга, веќе не дускутирам, само уште ова:

Лесно е на некого да му кажеш што треба да прави (теорија).

Кога ќе дојде ред да се копа, односно р'мба, тогаш е проблемот (пракса).

Башка, цела поента на мојот муабет е - работат премногу луѓето, зимаат несразмерно и неспоредливо помалку пари.

Значи - трудот не се вреднува, ама ич.

Не се нервирај, и поздрав. Во некоја друга тема ќе си направиме муабет.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Вработување
« Одговори #2108 на: 14 Септември 2014, 20:39:10 pm »
Џонтра е многу во право кога ја критикува состојбата во земјоделството, но тоа истото се случува и во било која друга „еснафска“ гранака во земјава. На сите наши „стопанственици“ криви им се другите за неуспехот, а смите се најзаслужни за новиот Мерцедес кога направиле некаков профит.

Имавме одлични примери како се уништи добар дел од млечно генерирачкиот фонд на сточарските фарми, на обострано добро менаџирање и на фармерите и на државните институции.
 

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Вработување
« Одговори #2109 на: 14 Септември 2014, 20:40:49 pm »
Не ја сфати поентата.. лесно е да направеш план ова вака треба она онака ама некогаш не иде се така на терен. ете ти од канцеларија може да кажеш да се направи и жичара но во реалноста некој ќе мора цел ден да изнаса гајби кои не се баш лесни посебно ако цел ден веќе 5-6 часа си го правел само тоа. јас можам да се кладам дека ти нема да издржеш ни 40 минути таква работа. а рачунај во земјоделството па каков сакаш имај план НЕКОЈ мора да ја работи и таа работа.

А велиш полесно е невро хирург да стане и после само млади сестри ќе милува по цел ден ?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Вработување
« Одговори #2110 на: 14 Септември 2014, 20:41:32 pm »
Се согласувам брамовск. Но мене исто така ми пречи што сите ние сме најпаметни како некој друг треба да работи и функционира, за другите секогаш сме најпаметни.

А за самите да си заработиме за еден рејнџ ровер некој друг не кочи и ни е крив.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Вработување
« Одговори #2111 на: 14 Септември 2014, 20:43:12 pm »
А зошто да не се обиде? Има добар дел од хирурзи кои ете гледаш не се скопјани а според вашата идеологија секој што се родил надвор од скопје треба да биде земјоделец како својот родител :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2112 на: 14 Септември 2014, 20:45:10 pm »
Нема потреба јас да ја работам таа работа. Нема потреба Козаностра сам да ја работи, нема потреба во една смена да ја заврши. Има кој, има кога и има како. Нема пари? Е тоа може да се реши.

Зошто кредитирање? Епа зошто кога ќе земеш кредит за земјоделска употреба тогаш банката презема дел од обврската да те заштити од бирократија, од криминални откупувачи и да ти обезбеди пласман на производите. Ете затоа треба да се практикува соодветно кредитирање. Затоа земјоделскиот факултет треба да е примарен во државава и треба да го има во секој град. Затоа на секој состанок со претставниците од ИПАРД ни се смеат кога ќе влеземе во канцеларија да бараме фондови за неповратни грантови и за кредити со 1% каматна стапка.

Нема да дојдам да ви сеам ниви, да ви берам грозје затоа што така нема да створам бенефит. Ќе одам по сосотаноци и ќе ви бркам финансиски инструменти да излезете од катастрофалната земјоделска просечност.

Толку и од мене на темата. Памет во глава.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Вработување
« Одговори #2113 на: 14 Септември 2014, 20:51:36 pm »
Не ја коментирав релацијата преселба село-град и обратно. Зборувам за тоа дека во голем дел од нашите граники, па и во онаа јас која што работам, скоро и да нема силна организациска подршка помеѓу самите стопанственици ниту пак од оние кои треба да се грижат да обезбедат подбри услови за нивно поздраво опстојување.

Кај нас финтата е да „се збрца некако секирата во мед“, ама сама. Нема тука работа, нема соработка, нема заедништво и комрпмис (по моделот на Меркел - подеднакво незадоволни).

Кај нас моделот е: Ако мене ми оди ви викам „Многу е*ам, шо ве еб*м!“. А ако не ми оди тогаш „Бранко е крив“. Нема помеѓу.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Вработување
« Одговори #2114 на: 14 Септември 2014, 20:52:32 pm »
Немора ти, немора козаностра ама зошто не сфаќате дека НЕКОЈ мора да ја врши и таа работа. Не секој што се родил на село наследил земја или има механизација па често мора да иде и да работи за други. Е сега некогаш ќе си каже не работам веќе вака и ќе идам ќе студирам  или работам во скопје ама не тој таму не е добредојден затоа што според вас треба да остане во својот роден крај и да работи она за што е роден. одеднаш изчезнува сиот пацифизам кој го проповедате толку години на форумов и правите селекција на наши и ваши