Наравоучение...приватен бизнис...и ајт...
Мене преку глава ми е веќе дојдено. Од септември до сега, вклучително Австралија и кај нас, за СЕДУМ работни позиции ми рекоа „готово ќе почниш“ за на крај да се изјалови работата....ФАКИНГ СЕДУМ!
Се нешто ...се предомислуваат...се туфкаат се прават...премолчуваат...понекогаш се чудам како воопшто останатите доаѓаат до било каква работна позиција. Што не правам јас, а другите го прават? Не зборам за државно. Таму се знае...партиска и крај.
Зборам за приватен сектор.
Значи 2008 година...Дипломирав во октомври месец. Јануари 2009 година имав работа. Бев на 3 интервјуа, на 4-тото ме примија.
Сеа, со години работно искуство, ако ми верувате...преку 500 апликации имам пратено, едно 15-тина интервјуа и на СЕДУМ места ми имале речено као „ќе се договориме за плата и да почнеш“ на крајот да добијам „Абе знаеш...ништо!“
Дај слика да те видиме.

Пробај да го рашириш кругот на познаства, најмногу што можеш, веруј, така најлесно се доаѓа до информација каде се бара слободно работно место.
Прост пример ке ти кажам за еден другар, кој со факултет работеше едно време како келнер само за да го прошири кругот на познаства. Го научиле дел од гостите дека е пристоен, добро воспитан, со манири, знае со луѓе, добиваше доста информации за работни места и конкурираше на секој ебан оглас што можеше.
Дојде време да иде на интервју за работа во доста јака кумановска фирма. Влегол на интервјуто, и дечкото што го примил бил некој од гостите чести во кафиќот каде што работеше.
Откако газдата увидел дека овој има соодветно образование за позицијата, го прими на работа по 15 минути разговор.
Му кажал дека знае каков е како личност, како работник, и ете го, скоро 6 месеци како работи.
Редовна плата, одлични услови за работа.