наjпрво од се, треба да се остварат услови на пазарот за што повеќе фирми да се отвараат, и што е најважно да ФУНКЦИОНИРААТ без да мака мачат и да живеат во страв да не случајно влезе инспекција некоја и да го јадеш 15-16 000 евра,
секако, ќути среќа не се толку злобни власта, па ти даваат можност ако платиш во рок од 7 дена да платиш пола казна
среќа така ќе платиш само 8000 евра за некој ебан лист хартија што они ти го издаваат без никаква проверка ти што си кој си и зашто го вадиш тој лист.
потоа ако имаш среќа да не те погоди ниедна инспекција од 200-те што ги има во нашата мила државичка, ќе те соголат со некој нов закон немај гајле,
како и да ќе го јадеш немиен...
е сеа ако се остварат услови за таа фирма да функционира, и да напредува,
па ќе се вработат нови вработени, а тие што биле од почеток што почнале заедно со фирмата ќе добијат поголема плата а овие новите со нивната
и како расте така сите слоеви ќе се искачуваат по една скала нагоре,
така ќе функционира државата,
ама и ние да бидеме реални, речиси сите што ги знам околу мене се вработиле за некоја плата па со тек на време им се покачила.
не може ние да очекуваме од прв ден, некој што втор пат во животот те гледа да ти даде 20-30 000 зашто на изглед си му добар.
ќе почнеш од доле па ќе напредуваш, а не директори сакаме да почнеме сите да работиме.
или мислиш ако си завршил факултет одма треба управител да те стават? тој факултет ти овозможува со тек на време да се покажеш од најдолното скалило да се издигнуваш нагоре, па кога ќе се отвори можноста за управител и најбитно кога ќе стекнеш ти години искуство за како функционира тој бизнис, тогаш може да те стават управител, т.е. да се избориш до тоа ниво