По 6,5 часа плус 30 минути пауза се работи Спортекс? И 4,5 часа со 30 мин пауза во сабота? Хммм... Значи саатот во сабота е ист со саатот во пон-пет?
Уствари тоа зависи од договорот што го направиле при вработувањето, и колкава будала е човекот што се вработил и ги прифатил усолвите да го дудлаат во меките предели меѓу ребрата без да го платат.
Извини Дени ти изгледа работиш во Швајцарска компанија и заработуваш минимум 2500 евра и тоа во период од пон-пет, сабота недела, празници слободен...
Па еве јас сум кандидат за во таква фирма да работам...
Не гледаш луѓе дека немаат леб да јадат а вие преку леб погача...
Да не се разбереме погрешно, но ова Дурекс што го напиша е во право...
Незнам колку се платени луѓето што го работат ова работно време, но работните часови и распределеноста како беше опишана е сосема коректна...
Јас на пример работам по договор 8 работни часа во неделата од пон-пет, немам официјално 30 минути за пауза за ручек, но имам неофицијално многу повеќе од тоа...
Прекувремени саати не се плаќаат а често останувам и до касно навечер додека не се реши некој проблем...
Официјално не работам за викенди и празници, но неофицијално сум дежурен и морам да одоговрам на секој можен повик, нормално за тоа не сум екстра платен...(ако сакам, а ако не, моќам да си барам друга работа)...
+ Морам да одговорам на повикот едноставно затоа што работата ми е во тесна врска со медицината, односно дијагностика, лабаратории и слично, поготово на клиника, односно институт за клиничка биохемија при клинички центар Скопје, Радиологија, ургентен центар, трансфузија итн итн, каде што животот на многу пациенти ке зависи од резултатот на апаратите, + да не набројувам уште еден куп работи. За кој ке се добијат еден куп коментари дека здравството не ни функционира или пак не чинат апаратите или што ти ја знам...
ЈАС одговорно ти тврдам дека сите апарати кои се сервисирааат од мојата фирма, се предаваат во исправна состојба, но резултатите и функционалноста на апаратите зависи од тие што работат на него...
И сеа на крај јас не сум доволно платен за мојата работа...И мислиш дека ке најдам подобро? Детено дома мислиш дека знае дека ке немам пари да му купам млеко, јадење итн итн? Сметките кои ке ми ги плаќа?
Сепак работата е напорна, стресна, не е доволно платена, но е пристојна и може да се преживува...Да да се преживува...
Доколку најдам подобра, да ке ја прифатам, но за тоа време нема да дремам у кафич и да кукам како нема работа и дека нема пари, туку ке работам и ке бидам благодарен и задоволен за она што во моментот го имам како опција...