Имам идеа за бизнис, цел форум може да се вработи а во брзо време и да си купиме се што ни душа сака.
Прекуокенскиот транспорт станува скап и неисплатлив за габаритни производи со мала вредност.
Конкретно сакам да отворам фабрика за производство на компјутерски куќишта.
Компјутерското куќиште се состои од шасија, страници, маска и напојување.
Напојувањата ќе ги увезуваме и не се проблем, потребна ни е машина за калапење на лимаријата и машина за калапење на предната маска.
За почеток ќе ни бидат потребни работници задложени за:
1. Дизајн
2. Асамблирање
3. Комерција
а). Македонија
б). Балкан
в). ЕУ + Русија
4. Транспорт
5. Сервис
6. Кујна
Ова е само иницијала, советите, посебно машинството и дизајнирањето на машини кој можат компјутерски да се регулираат, се добродојдени. Колку тие чинат, дали може да се произведат во Македонија, каде треба да се обрати.
Репроматеријалите не се проблем. Проблем е да се направи финансиска конструкција колку би била цената на чинење на производот и дали ќе биде конкурентен на Кинезите.
Во Македонија една просечна дилерска фирма годишно продава 3 - 10 0000 куќишта, што у превод би било дека само за нашиот пазар ќе бидат потребни 100 000 куќишта, тука не ги вбројуваме рак кабинетите кој моментално идат од Турска.
Кога ќе земеме во предвид дека Македонија е на последното место според потрошувачка за компјутерски хардвер по глава на жител, само за Балканот на годишно ниво би ни биле потребни преку 10 000 000 куќишта. Заедно со Еу и Русија мислам дека може да свртиме преку 100 000 000.