Пред 8 години, порачав од еден мајстор брачен кревет, му кажав со кои Егер иверици сакам со шифра со се... Се договоривме за 19.000 денари, креветот и две фиоки/наткасни прикачени на него. После некој ден/недела, ми се јаувава, да ги оставел ивериците кај мене, а друг ден ќе дојдел да ги склопи... Кога гледам, не е таа иверица што ја порачав туку некоја слична на неа... Му се јавувам и му праќам дека ги згрешил шифрите... ми вика, немаше од таа што сакаш ти 38мм, само 18мм и САМ ОДЛУЧИВ да ставам слична...
Му викам мајсторе, ако беше за слична ќе си купев готов кревет со слична шара, јас ти потенцирав точно кој Егер со шифра со се, каков што е другиот мебел во спалната... И не сакаше да го преправа, си земав капарот назад (1000 денари само за бензин) и си замина...
Се изнервирав, си го нацртав јас сам креветот, технички многу подобро од неговото решение, бидејќи виси 20цм над под, а со око не се гледа каде се потпира на подот... ми ја искантираа, си ја склопив и ме кошташе се 20.000 денари (материјал, кантирање од сите видливи и невидливи страни, многу повеќе винкли + Ингко пиштол со 2 батерии...). И да ја склопив со 18мм иверица, каква што тврдеше мајсторот дека е невозможно да издржи како што јас си имав замислено... Еве ја веќе 8 години, нема ни да крцне, а камоли да попушти нешто од неа...