Ако се пристојни платите, нема зошто да си отидува. Превоз, си уживаш на телефон дур те возат натаму и наваму, јадење не се замараш. Си доаѓаш си ја работиш работата што треба да ја сработиш. Не се замараш за работата на другиот, си има надзор за сите проблеми.
Многу ми ја пофалиле работата. Не знам лично, ама добри зборови сум чул. Башка и платите биле многу коректни. И најважно од се замарањето ти е минимално со глупости, а си исполнет зошто actually работиш нешто што ти се бендисува и е психички исполнително (производот го гледаш пред очи).
Многу далеку од оние злоупотребни дејности со минимални плати и малтретирање.