Епа така де, ко си способен или ќе се побуниш или ќе си најш подобро. Што мислиш другите оти не се бунат? Не е секојпат до газдите. Таков народ сме, само да се надгледуваме со другите, никако првода се видиме самите.
Да, ама останатите мои колеги ми беа 50-55+ години стари. Кое бунење ? И да си отидат пак на иста позиција во друга фирма. Исти к*рац различно паковање.
А шефовите/претпоставените не беа нешто стари, ама тие беа баш онакви како што ги опишав.
Отиди пробај па види дали со знаење и идеи ќе просперираш во такви фирми. Бидејки имаш знаење, имаш идеи, имаш погледи и визии, нема да трпиш неправди. А во такви фирми со таков начин на функционирање итекако ги има. И веднаш ќе влезеш во клинч со највисокото раководство/газда.
Сигурно има и фирми каде што се цени идеа, размислување, ама тие се многу ретки.