Не ја разбирам потребата веднаш да се исхејта.
Искрено, не ги ни знам пазарните услови, ниту па дали платата е мала или голема, не навлегувам во тоа. Си пишува дека има простор за договор и има простор за напредување. Како и све друго, и платата е работа на договор, односно ова е првична понуда на работодавачот, тој што бара работа ќе даде свој одговор на таа понуда, па ќе почнат преговори. Вакво хејтање у старт никогаш не ми било јасно.
Па, има неколку причини.
Првата е таа што со 27.000,00 денес тоалет тешко се купува, не па да се живее. На потрошувачка кошничка од 57.000,00, со оваа плата, жена ми треба да заработува 30.000,00, односно повеќе од мене. Ќе се обесам. И тоа за да преживееме, исклучиво.
Втората е таа што се работи за тешка работа и захтевна работа, која бара одредена стручност, познавање и работни навики, а према тоа платата е несоодветна.
Третата е работното време - нема да биде тоа. Ќе испадне тура во петок во 15.45 - тикви шо ќе си оди мајсторов ако не го завршил камионот - ќе го оспособи, па ќе си оди, јер за тура нашиве газди со камиони газ даваат. Плус има сабота, така да...
Четвртата е "напредокот". Сигурно нема да "напредува" платата на работникот како што "напредуваат" цените и инфлацијата. Знаеме како "се напредува" кај нас.
Петто - на оваа економска ситуација, на овие услови, на овој недостаток на работна сила од шо сите "запалија" нанекаде, да понудиш почетна плата испод просечна, или бар со тројка напред, е срамота, поготово за работа од овој тип.
Нека им е со среќа, ќе бараат пак за месец-два.