Читај пак.
Во болдираното и во двата пасуса спомнуваш "договор за вработување" кој во случајов не постои.
Не го спомнувам јас. Договорот е основа за засновање на работен однос.
"Член 13
(1)
Со потпишување на договорот за вработување се заснова работен однос меѓу
работникот и работодавачот.
(2) Правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работата од
работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на
работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на
работа, договорени во договорот за вработување.
(3)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава (електронски образец М1/М2
испечатен од системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија) за
работникот во задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено
и осигурување во случај на невработеност), во согласност со посебните прописи, во
Агенцијата за вработување на Република Македонија, по електронски пат или непосредно
во Агенцијата, со приложување на ППР образец, овластување на овластено лице со список
за лица кои ги пријавува/одјавува, во кое се наведени името, презимето и ЕМБГ,
како и
бројот на договорот за вработување и датумот на склучување на договорот за
вработување, еден ден пред работникот да стапи на работа, а за итни и неодложни работи,
најмалку еден час пред работникот да стапи на работа. Заверена фотокопија од пријавата
или извод од компјутерски запис од информацискиот систем на Агенцијата му се врачува
на работникот во рок од три дена од денот на стапувањето на работа.
(7)
Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и
пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување."
Е сега, како и дали воопшто успеваат "газдите" да засноваат работен однос и да пријават работник, е тема за друга дискусија. Може сами си ги потпишуваат, врз основа на тоа - не може да се тврди дека НЕ ПОСТОИ договор. Може постои, ама е фалсификуван.
За да е законски издржана изјавата која има за цел престанок на работен однос на барање на работникот, мора да е напишана врз основа на законот, со цитирани членови.
"Го прекинувам работниот однос" е исто со "ајде, од утре почињаш, 120.000 нето плата. Не ни треба договор, што кур ќе ни е, наши сме, се знаеме, ќе се видиме низ чаршијата", само од обратната страна, кога засноваш работен однос..