Автор Тема: Вработување  (Прочитано 662082 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5201
Одг: Вработување
« Одговори #3945 на: 10 Март 2020, 21:58:35 pm »
1. Е јеби га..три се.

2. Да.

3.

Член 116
(1) Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно.
(2) Работната недела по правило трае пет работни дена.
(3) Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно
време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа
неделно.
(4) Со закон или други прописи во согласност со закон, или со колективен договор
може да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди
или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.
(5) Ако полното работно време не е определено со закон или колективен договор, се
смета како полно работно време, работното време од 40 часа неделно.



Член 117
Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното
работно време (прекувремена работа):
1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;
2) ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би
предизвикало прекинување на работата;
4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на
прометот и
5) во други случаи определени со закон или колективен договор.
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и
најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа
не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во
смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува
повеќе од осум часа неделно.

(3) За работниците од Министерството за внатрешни работи, кои вршат посебни
должности и овластувања согласно со посебен закон, прекувремената работа може да трае
подолго од 190 часа годишно, поради извршување на итни и неодложни работи, по
претходно дадена писмена согласност на работникот.
(4) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не
отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во
кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да
му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во
Републиката.

(5) Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и
часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на
платата на работникот.
(6) Работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно
писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.




Значи тие 190 часа од тамо произлегува она секоја втора сабота.... сега ми е мн појасно. Фала на деталиве

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3946 на: 10 Март 2020, 21:59:12 pm »
Нп.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3947 на: 10 Март 2020, 22:00:59 pm »
ОК де, нели рековме - тоа е тема за друга дискусија.

Ако има валиден договор, пишав....

Едино нека си провери во договорот за вработување колку им е договорен отказен роk ( ако е воопшто договорен), но во секој случај на стариот газда му се исплати повеќе веднаш да го одјави, бидејќи во спротивно работников може комотно да си седи дома, а да му течат придонеси и плата.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3948 на: 10 Март 2020, 22:03:13 pm »
Е па сеа, немање, фалсификуван и валиден договор се три различни работи.

Плус, во Агенцијата не потврдуваат потпис и идентитет. Тоа го прави нотар. А кој заверува договор за вработување на нотар?

И да има, малку се.

Така да, можноста за манипулации со фамозниот "договор за вработување" е многу голема и веројатна во СРМ.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #3949 на: 10 Март 2020, 22:08:42 pm »
Раскинување на договорот за вработување со спогодба
                                 Член 69
(1) Договорот за вработување страните можат кога било да го раскинат со писмена
спогодба која мора да содржи одредба за последиците, коишто настануваат за работникот
поради договорното раскинување при остварувањето на правата врз основа на
осигурување за случај на невработеност.
(2) Спогодбата од ставот (1) на овој член се потпишува на денот на престанокот на
работниот однос и истата треба да содржи своерачно напишано име и презиме од
работникот и од работодавачот, своерачно напишан датум на престанок на работниот
однос од работникот и од работодавачот и своерачен потпис на работникот и на
работодавачот.
(3) Доколку спогодбата за раскинување на договорот за вработување е склучена
спротивно на ставовите (1) и (2) на овој член, истата е ништовна.


Договор за вработување
        Член 13
(1) Со потпишување на договорот за вработување се заснова работен однос меѓу
работникот и работодавачот.
(2) Правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работата од
работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на
работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на
работа, договорени во договорот за вработување.
(3) Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава (електронски образец М1/М2
испечатен од системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија) за
работникот во задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено
и осигурување во случај на невработеност), во согласност со посебните прописи, во
Агенцијата за вработување на Република Македонија, по електронски пат или непосредно
во Агенцијата, со приложување на ППР образец, овластување на овластено лице со список
за лица кои ги пријавува/одјавува, во кое се наведени името, презимето и ЕМБГ, како и
бројот на договорот за вработување и датумот на склучување на договорот за
вработување, еден ден пред работникот да стапи на работа, а за итни и неодложни работи,
најмалку еден час пред работникот да стапи на работа. Заверена фотокопија од пријавата
или извод од компјутерски запис од информацискиот систем на Агенцијата му се врачува
на работникот во рок од три дена од денот на стапувањето на работа.
(4) Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот на пензиското и
инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на
Република Македонија се должни да водат и трајно да ја чуваат евиденцијата на пријавите
и одјавите во социјално осигурување и на барање на лицето да му издадат податоци за
состојбата и промените во врска со социјалното осигурување на работникот.
(5) Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот на пензиското и
инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на
Република Македонија, вршат размена на податоците во врска со социјалното
осигурување.
(6) Ако датумот на стапување на работа не е определен во договорот за вработување,
како датум на стапување на работа се смета наредниот ден од датумот на потпишувањето
на договорот за вработување, а работникот се пријавува во Агенцијата за вработување на
Република Македонија на датумот на потпишувањето на договорот за вработување.
(7) Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и
пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување.
(8 ) Правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работата од
работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на
работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работа, исто
така, и во случај ако на тој ден работникот од оправдани причини нема да започне да
работи.
(9) Оправдани причини според овој закон, заради кои работникот не отпочнува со
работа на денот определен со договорот за вработување, се случаите кога работникот е
отсутен од оправдани причини утврдени со закон, колективниот договор и договорот за
вработување.
(10) Ако работникот неоправдано не стапи на работа првиот ден на денот определен за
стапување на работа, согласно со ставот (6) на овој член, ќе се смета дека не засновал
работен однос.
(11) Доколку работодавачот по престанокот на работниот однос, во рок од осум дена од
денот на престанокот на работниот однос, не го одјави работникот од задолжително
социјално осигурување, одјава на работникот може да се изврши по барање на работникот
врз основа на претходно доставен записник од инспекторот на трудот до Агенцијата за
вработување на Република Македонија.




Нека си пријави во трудов инспекторат и готово, решена работа.

А со отказ без отказен рок 30 дена до 3 месеци само ако 3 дена по ред неоправдано не се појавиш на работа.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3950 на: 10 Март 2020, 22:15:47 pm »
Фило, болдираното го имам пишано 2-3 страни назад.

A имаш и вака...

Три дена не се појавуваш на работа и ти следи отказ без отказен рок.


Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и
дисциплина или работните обврски без отказен рок

(1) Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без
отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на
работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за
работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот:
1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни
дена во текот на една година;


Aко не ти даде отказ, седи си дома, нека плаќа придонеси и плата.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #3951 на: 10 Март 2020, 22:19:48 pm »
И неможе да немаш договор, зашто договорот за вработување е основ за засновање на работен однос, а во мојот претходен пост од членот 13 став 3 се гледа дека работодавачот поднесува пријава/одјава во која се наведуваат податоци за работникот, како и бројот на договорот за вработување.

А најбрзо да откажеш договор за вработување, само со спогодбата од член 69 или 3 дена да не одиш на работа.
Значи мора да има престанок на работен однос, односно раскинување на договор за вработување, па потоа одјава.

Ако веќе го откажале договорот за вработување, а сепак и понатаму гледаме дека работникот не е одјавен од таа фирма, тогаш став 11 од член 13, нека си пријави во трудов инспекторат и ќе заврши работа.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3952 на: 10 Март 2020, 22:22:24 pm »
Правата при откажување на договор од страна на работодавач, спогодбено и од страна на работник не се исти.

Пример - ако го откажеш договорот како работник, после година дена нема да можеш да се пријавиш во Агенцијата како невработен.

Ама ОК, ти ја разбирам поентата.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вработување
« Одговори #3953 на: 10 Март 2020, 22:35:14 pm »
Тоа што не би можел да се пријави во агенцијата за вработување ако работникот го откаже договорот не му менува ништо во животот бидејки работникот веќе си нашол друга работа.

Тоа со агенцијата ако не се пријавиш па големо чудо. И јас не бев воопшто пријавен во агенцијата како невработен па си најдов работа и без нејзина помош.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3954 на: 10 Март 2020, 22:42:03 pm »
Ти кажав - ти ја разбирам поентата.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Вработување
« Одговори #3955 на: 10 Март 2020, 22:46:38 pm »
Kaj nas spogodbeno go raskinuvaat, za 2 nedeli cao

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5201
Одг: Вработување
« Одговори #3956 на: 10 Март 2020, 22:49:50 pm »
Kaj nas spogodbeno go raskinuvaat, za 2 nedeli cao
Веќе почнува да се чуствува сериозен недостаток на кадар во многу области и некои од газдиве глумат некое лудило ама незнам со која цел. Секако на крај штетата е на нивна сметка, умре времето за 200евра работници со лопата да ринеш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Вработување
« Одговори #3957 на: 10 Март 2020, 23:07:23 pm »
Се расфрлате со цитати од членови кои никој не ги почитува, барем до пред 10тина години и во помали фирми.
Можам роман да напишам од секави ситуации каде обично работникот го јаде стапот.
Тоа е направен таков хаос што газдата е заштитен како бела мечка, а инструментите за манипулации се во негови раце, со благослов на институциите.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5660
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Вработување
« Одговори #3958 на: 10 Март 2020, 23:07:39 pm »
200 evra?
Moze da sonuvaat za toa.
Doprva ke se menuvaat nestata, momentalno City Mall dukanite maka macat da najdat luge za rabota.
Po mesec dena rabotat i fitil da gi  nema, i uporno platite isti.

Golemi firmi veke prevzemaat merki so sponzoriranje ucenici i slicni merki, a vo trgovijata doprva ke mora da se menuvaat rabotite i rabotnite uslovi kako rab vreme i plati.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #3959 на: 11 Март 2020, 07:36:09 am »
Човекот конечно вчера газдата го одјаве од неговата фирма, после 10дена натегање. Беше вработен кај него со мерка од државата за млади нешто, па можи со причина го држеше пријавен од некаква корист, каква не знам.

Ете се научија и некои работи, за ако и некој друг заглави да знај како да постапи. Фала @Stratro за насоките, ама добро е што не стигнавме до таму по институции да трчаме.