Со денови избегнувам да го напишам овој пост зошто никогаш не сум го сметал форумов како место за барање услуги. Арно ама, сега ми треба, па ќе побарам со надеж дека ќе добијам некаква информација за работа од вас.
Поради Х и Y причини, дојде време да се селам од дома, и сум во активна потрага по поволно живеалиште во Скопје.
Потрагата по работа не ми оди баш најдобро, за некои позиции немам искуство, додека за други сум преквалификуван. Услугата би била да ме известите доколку слушнете за работна позиција која носи достоинствени примања, со цел да не се задолжувам по легалниве лихварници за преживување.

Завршен економски факултет, имам неколкумесечно искуство во дигитален маркетинг, одржување социјални мрежи и креирање кампањи на истите, такви работи сум работел до сега. Би било пожелно позицијата да има опција за напредок, за да се задржи мотивираноста.
Пуштете ми ПП со линк од оглас, имејл адреса или некаков пост што можеби сум го промашил изминативе 2 недели.
П.С. Прашан е Бушав за огласот над мојов пост - местата се пополнети.
