Автор Тема: Вработување  (Прочитано 661980 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #3930 на: 10 Март 2020, 12:43:41 pm »
Во македонија се се можи,
земја на можностите.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Вработување
« Одговори #3931 на: 10 Март 2020, 13:01:52 pm »
Не е само во Македонија така. Утрово бев до агенцијата за вработување во Германија да се пријавам и ми побараа копија од договор за вработување за да потврдам дека сум бил вработен. Обично договорите за работа содржат многу повеќе приватни податоци отколку што смеат да пристапат и им треба дозвола од самиот човек за да ги погледнат/прочитаат.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Вработување
« Одговори #3932 на: 10 Март 2020, 21:00:00 pm »
Не е само во Македонија така. Утрово бев до агенцијата за вработување во Германија да се пријавам и ми побараа копија од договор за вработување за да потврдам дека сум бил вработен. Обично договорите за работа содржат многу повеќе приватни податоци отколку што смеат да пристапат и им треба дозвола од самиот човек за да ги погледнат/прочитаат.
Ете кој ќе живее на државна цицка некое време...
(и ја би само нејќат да ме избркаат од работа)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3933 на: 10 Март 2020, 21:06:34 pm »
Нема договор за вработување, како да се врачи отказот а да биди веродостоен за понатамошна постапка, заверен на нотар или што?

Не.
Искуцана или пишана изјава со своерачен потпис е доволно.

"Јас (име, презиме наработникот)  изајавувам дека го прекинувам работниот однос со (назив на работодавецот) заклучно со датум ____________ согласно член 71  став (1) и чен 75 (став 1) од Законот за работни односи."

Тенк ју анд фак ју.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3934 на: 10 Март 2020, 21:10:39 pm »
Минимум отказен рок е 30 дена. Согласно тоа, прорачунај кога истекуваат, па заклучно со ________...

И согласно член 63 став 1 да му издаде потврда за работата што ја вршел, јер може да му се најде за аплицирање за друга работа.

А ондак тенкју и факју.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3935 на: 10 Март 2020, 21:16:09 pm »
Отказен рок ( од 30 дена до 3 месеци мислам беше ) се дефинира во договорот.
Ако нема договор, нема отказен рок.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3936 на: 10 Март 2020, 21:23:20 pm »
Не баш.

"Отказни рокови
Член 87
Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во
законскиот или договорно определениот отказен рок. При одлучувањето страните
мораат да го почитуваат минималниот рок на траење на отказниот рок, одреден
со овој закон,
колективниот договор на ниво на дејноста, односно на ниво на
работодавач.
Минимални отказни рокови
Член 88
(1) Ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден
месец
. Со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде
договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од три месеца.
(2) Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен
работник или на помал број работници отказниот рок е еден месец, а два месеца
во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од
вкупниот број работници кај работодавачот пред престанокот на работниот однос."

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3937 на: 10 Март 2020, 21:32:40 pm »
Читај пак.

Во болдираното и во двата пасуса спомнуваш  "договор за вработување" кој во случајов не постои.



Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200
Одг: Вработување
« Одговори #3938 на: 10 Март 2020, 21:33:20 pm »
Пред некој ден и јас го листав законот. Значи работодавачиве се така така заштитени, работниците не се никако. Никаде не стои на пример дека може одма да му раскинеш договор на основа на неисплатени плати или други надоместоци...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3939 на: 10 Март 2020, 21:39:16 pm »
Пред некој ден и јас го листав законот. Значи работодавачиве се така така заштитени, работниците не се никако. Никаде не стои на пример дека може одма да му раскинеш договор на основа на неисплатени плати или други надоместоци...

Член 100
(1) Работникот може по истекот на три дена откако претходно писмено го предупредил
работодавачот на исполнувањето на обврските, да му го откаже договорот за вработување,
ако:
1) работодавачот повеќе од три месеца не му обезбедува работа и така не му ја исплаќа
определената плата;

2) не му е овозможено вршење на работата заради одлука на надлежната инспекција за
забрана на вршење на работниот процес или забрана на примена на средствата за работа
подолго од 30 дена и работодавачот не му ја исплаќа законски определената плата;
3) работодавачот најмалку три месеца исплаќа намалена плата за работата;
4) работодавачот три пати последователно или во период од шест месеца не исплаќа
плата за работата во законски, односно договорно определениот рок;

5) работодавачот не ја обезбедува заштитата на работникот при работа, а работникот
претходно побарал отстранување на заканувачката непосредна и неизбежна опасност за
животот и здравјето;
6) работодавачот го навредува и насилнички се однесува кон него или наспроти
неговите предупредувања не го спречува таквото однесување од страна на другите
работници;
7) работодавачот не му обезбедува еднаков третман со оглед на полот и
8.  работодавачот ништо не презел работникот да не стане жртва на полово
вознемирување.
(2) Работникот во случај на отказ заради однесувањата од ставот (1) на овој член има
право на испратнина и на обештетување најмалку во висина на изгубената плата за
времето на отказниот рок.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200
Одг: Вработување
« Одговори #3940 на: 10 Март 2020, 21:43:00 pm »
Кој е должен да им работи за беспари на нашиве ‘газди‘??? Па со 1 месец каснење немаш ни здравствено осигурување.
Сакаш да кажеш дека во прошли 6 месеци ако каснела плата преку 15ти во месецот можеш да раскинеш договор?
Исто ме интересира како е регулирано тоа што некои од фирмиве работат од 8-17 тоа се 9 часа дневно и како плус и саботи се работи? Законски нели е 40 часа неделно односно 160 часа месечно, колку може да се прекорачи?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3941 на: 10 Март 2020, 21:46:19 pm »
1. Е јеби га..три се.

2. Да.

3.

Член 116
(1) Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно.
(2) Работната недела по правило трае пет работни дена.
(3) Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно
време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа
неделно.
(4) Со закон или други прописи во согласност со закон, или со колективен договор
може да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди
или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.
(5) Ако полното работно време не е определено со закон или колективен договор, се
смета како полно работно време, работното време од 40 часа неделно.



Член 117
Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното
работно време (прекувремена работа):
1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;
2) ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би
предизвикало прекинување на работата;
4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на
прометот и
5) во други случаи определени со закон или колективен договор.
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и
најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа
не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во
смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува
повеќе од осум часа неделно.

(3) За работниците од Министерството за внатрешни работи, кои вршат посебни
должности и овластувања согласно со посебен закон, прекувремената работа може да трае
подолго од 190 часа годишно, поради извршување на итни и неодложни работи, по
претходно дадена писмена согласност на работникот.
(4) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не
отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во
кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да
му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во
Републиката.

(5) Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и
часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на
платата на работникот.
(6) Работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно
писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.


« Последно менување: 10 Март 2020, 21:53:57 pm Stratro »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3942 на: 10 Март 2020, 21:49:52 pm »
Читај пак.

Во болдираното и во двата пасуса спомнуваш  "договор за вработување" кој во случајов не постои.


Не го спомнувам јас. Договорот е основа за засновање на работен однос.

"Член 13
(1) Со потпишување на договорот за вработување се заснова работен однос меѓу
работникот и работодавачот
.

(2) Правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работата од
работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на
работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на
работа, договорени во договорот за вработување.

(3) Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава (електронски образец М1/М2
испечатен од системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија) за
работникот во задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено
и осигурување во случај на невработеност)
, во согласност со посебните прописи, во
Агенцијата за вработување на Република Македонија, по електронски пат или непосредно
во Агенцијата, со приложување на ППР образец, овластување на овластено лице со список
за лица кои ги пријавува/одјавува, во кое се наведени името, презимето и ЕМБГ, како и
бројот на договорот за вработување и датумот на склучување на договорот за
вработување, еден ден пред работникот да стапи на работа
, а за итни и неодложни работи,
најмалку еден час пред работникот да стапи на работа. Заверена фотокопија од пријавата
или извод од компјутерски запис од информацискиот систем на Агенцијата му се врачува
на работникот во рок од три дена од денот на стапувањето на работа.

(7) Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и
пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување
."

Е сега, како и дали воопшто успеваат "газдите" да засноваат работен однос и да пријават работник, е тема за друга дискусија. Може сами си ги потпишуваат, врз основа на тоа - не може да се тврди дека НЕ ПОСТОИ договор. Може постои, ама е фалсификуван.

За да е законски издржана изјавата која има за цел престанок на работен однос на барање на работникот, мора да е напишана врз основа на законот, со цитирани членови.

"Го прекинувам работниот однос" е исто со "ајде, од утре почињаш, 120.000 нето плата. Не ни треба договор, што кур ќе ни е, наши сме, се знаеме, ќе се видиме низ чаршијата", само од обратната страна, кога засноваш работен однос..

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3943 на: 10 Март 2020, 21:56:03 pm »
При фалсификуван договор, работникот најмалце што треба да се замара е да почитува отказен рок.
На било кој суд (ако дојде до тоа) добива.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Вработување
« Одговори #3944 на: 10 Март 2020, 21:56:50 pm »
ОК де, нели рековме - тоа е тема за друга дискусија.