Pa ne razbrav shto ti menja dali si viken 2 dena vo nedelata sloboden ili bilo koi 2 dena. Ja rado bi menil vikend za bilo koi 2 dena kako bi zi zbrkal privatni raboti...
И те како менува дали си викенд или не си викенд. И те како менува дали си на празник слободен или не си...
Ете и кај мене некокогаш викал газдата: Работата мора да се заврши!!! И сум останувал на 31 декември до 20:00 за да завршам некоја работа која што никого нема да го интересира, а додека јас клечев и штрафев глупости, кои некој ќе ги види и поќне да работи со нив тек после месец дена, другите си се спремаа за славење а и некои од нив почнаа да си слават нова година.
Едноставно викенд е период во неделата кој е за семејството. Сабота да прошеташ, да испазариш (до 16 часот) и после да ручаш, да се видиш со домашните, да размениш мислења, да разговараш, да се расправаш.
Недела е ден за одмор, семеен ручек, средување работи по дома, спремање за престојната недела. Или ако е убаво времето да прошеташ со деца, девојка ...
Која ми е поентата да одам на викенд во работна недела?
А сите се научиле да спијат до 12 на пладне, па да се тегнат, па да станат, доручек у 15:00 наместо ручек и ке одиме ноќе ке шетаме и пазариме....глупости на квадрат.
Треба да одам сам? Другата половина е слободна у петок а ти у среда. Кај ке одите?
Тоа со било кој ден во неделата е најголемата глупост која што некој ја измислил, само за да се направи паметен.
Треба изрично да се направат измени во законот за работно време и работни денови. Со цел сите да бидат подеднакво третирани, ке се направи дежурство, на кое ке треба секој од вработените по еднаш да биде опфатен.
На времето кога бевме држава, се ова функционираше беспрекорно и идеално.
Кога се осамосталивме, си ги оставивме мозоците во минатото и со празни глави влеговме во демократијата, анархијата и самоволието.
Во недела не треба ништо да работи. Во сабота до 16 часот максимум.
Луѓето треба да поминуваат време заедно, а не да живеат сами како утови... Луѓето не знаат да зборуваат.
Преку недела работно време до 20:00, почнувајќи од 8:00.
Тие што се во една смена од 7:30 до 15:30.
Прехрана од 7:00 до 20:00
Дежурни бензиски, дежурни аптеки, дежурен маркет.
Другите институции се знае: Полиција, Пожарна, Здравство.
Од приватните ми е преку курац. Ако не ги почитуваш работните времиња, 1: Опомена, 2: Опомена и Казна, 3: Казна и затварање на дуќанот во наредни 6 месеци. Ако го фатам за било каков пропуст после ова, одземање на лиценца за приватно стопанисување.
Од идеално општествено уредување, се вративме назад во времето на робовладетелството...