Ај да кажам и ја мислење со дипломиве...Диплома ко диплома, дали ќе научиш нешто или не, кај нас може да ја добиеш.. Ако сам не се трудиш додека си на факс да чепкаш и да се пикаш у проекти, никој не ти е крив ако после немаш познавање...
Завршив компјутерски науки на Штулов во Тетово, уз кој завршија уште 20 души со мене...Само двајца продолживме по струка.. Се вработивме у ИТ фирма и почнавме кариери..
Јас: стартував со 300 евра и не дочекав покачување, кое и ќе го добиев..напредував и учев цело време за и после работа. Како и да е, ќе стигнев до 500-600 евра во тогашната фирма и мислам дека тоа ќе беше некој си лимит за 2-3 години..
Меѓувремено аплицирав секаде низ европа и уса за мастер стипендии.. Штедев и пари секој месец за у краен случај да почнам мастер на финки..Сакав да се дообразовам..На крај, ми се насмевна среќата со Швајцарска влада, која ми додели стипендија за фул студентски и животни трошоци на нивни универзитет. Може пресудно беше што аплицирав на специфична програма (Artificial Intelligence) у која на крај испаднавме само 5 души од 2000 на целиот универзитет. Сега моментално сум вработен и терам..
Поентата ми беше дека тука не ме гледаат никако поразлично поради што сум Македонец. Кога се работи продуктивно, секој те сака поради резултатите кои што ги допринесуваш, без разлика на вера, нација или која и да е класификација на луѓе..