Се јавив кај еден од директорите на Авицена, рекоа нема шанси за волонтирање, презафатени се со работа и нема кој да ти обрне внимание. Исто и за Фармахем. Во МАНУ сега се мои двајца колеги, така што таму можда од летово. Едино ми останаа клиникиве или Алкалоид да пробам, иако таму тешко се влегува. Проблемот во нашава бранша е што сите сакаат да им рмбаш во лабораторија 2 години како волонтер, дури и директно ти го кажуваат тоа. Второ, за работа директно е многу тешко затоа што немаме скоро никакво практично знаење, само теоретско, бидејќи немавме ни реагенси ни технологија на ПМФ.