Сум приметил купишта Мерцедеси, Фордој, Пежовчиња дизел шо чадат ко на ќумур да се. И тоа не постари од ламарината моја. Ламарината моја дури и греота е да се споредува со нив... на Плетвар особено, после сите овие паламудења дека Фолцваген најмногу чади, навика ми стана да приметувам колку чадат другите брендови.
Јас пошто не сум којзнае колку упатен во тоа, мислам, значи не сум сигурен, дека тоа трујачите од сите брендови се едноставно забаталени, неодржувани возила кај кои ненавремено се менува потрошен материјал, затнато е се шо можи да се затни и моторот не го согорува горивото како што треба...
Сум видел Мерцедевчиња ЦЕ, Е модели од 2004 на пример... чадат корнат... или пак неубо сум приметил, изгледа Пасати и Голфој се, само знакот му е сменет.
А нешто понастрана од тоа чадењето, оди запали постар Форд или Пежо во зима, особено па ако греач има рикнато, тоа е научна фантастика...
До -15 кај мене без греачи пали. Малку повеќе верглање, али ќе запали. Тоа ми се случе една зима кога ми прегореле сите греачи, а од обврски на работа извесно време ја возев така, немав време да ги сменам... па на таа температура ја палев колата со малку повеќе верглање од обично (додуша јас си мислев дека еден греач ми има рикнато и затоа така малку потешко пали, ама тоа сите четири беа рикнати
).
На 10 000 км обично дотурам 200 мл масло, обично градска вожња. Овие последниве 10 000 90% ги извозив на отворен пат па ми потроше нешто помалку од 400 мл. Мислам дека тоа не е многу за каначка од '97, и тоа Фолцваген.
Кажуваат имале гној предници. Поминав скоро 40 000 по нашите гној патишта, па да не е на зарек, до сега не сум сменил ништо. Сменив предни дискови и плочки. Веројатно по моја вина, го спржив едниот диск, можеби сум кочел па сум акнал во некој вир... се искриве, а кога ги извадив видов дека уште бажи возење имало во нив.
Во глобала скоро 40 000 км поминав со стара ламарина, а не се сеќавам нешто нарочито да се десило па да сум кубел коси.
Јас сум задоволен.
Па и не се толку неквалитетни коли вака да си речиме меѓусебно