еден колега од работа уште пред 15 години кажа дека градоначалниците на Солун, Атина и Лариса се договориле и донеле одлука за ЗАБРАНА на регистрирање на приватни дизел патнички возила. Незнам детали, дали им дале некој преоден период, но секако добра мерка.
Факт е дека дизелот загадува, факт е дека го оставаат да работи во место, особено германските дизели. Кај нас е најлошо , со чурук нафта. И не само тоа, срамота е секаде, па и во Албанија дизел горивото е поскапо од 95 безоловен, само кај нас е обратно. Дали тоа е некоја политика да бутнат чурук гориво, незнам.