Мислам дека штосот со е-возилата и високата цена е во тоа што сеуште не се произведуваат доволно масовно и многу за да може продажната цена да им падне.
Ако производство на обичен Голф, дизел се потребни 2000 (на пример, лупам) работни саати по единица производ (не зборам за склупување на лента ке трае 2 саати, туку за целосно производство на секој дел поединечно до конечен производ), тогаш за производсвто за Е-Голф се потребни 5000 саати.
Точно е дека има иста каросерија со обичниот голф, ама има голем дел од елементите кои што се вградуваат и за кои нема "штанцање" и масовна серија си бараат рачна работа и тоа го качува времето и трошокот.
Кога еден производител би се фокусирал само на електрични возила и ништо друго, и одлучи да прави серија од возила која што не е помала од 2,000,000 единици, тогаш цената по возило ќе падне мноооогу под 35000 евра и ќе биде во рангот на возилата што ги купуваме денес.
Каква комбинација на електромотор и бензински мотор ќе користи, не одлучува во цената толку колку што одлучува серијата и бројот на произведени возила.