Мислите ли дека ова можеби е онаа точка во историјата каде ќе се случи пресврт и ќе се отвори простор за елетричните и хибридните возила? Рецимо ова не мораше да биде Фолксваген туку било кој друг производител, мада Фолксваген заслужува ради сите овие години нелојална конкуренција.
Нема друга цел за што би било. Ќе излезат сега и за другите производители истиве работи.
Опциите се следните:
1. Ќе се рече дека ЕУРО6 е измислен и препумпан стандард и дека треба да се олабави со растот на стандардите. (многу веројатно и се по старо)
2. Ќе се форсираат електрични и хибридни возила. (премала понуда и неразвиенатехнологија. Помалку веројатно)
Не гледам друга опција. На сите им е јасно дека хибрид и електро нема да заживее додека постои дизел. Зошто дизелот нуди многу повеќе, за многу помалку.
Подобро е да се дополни ЕУРО6 стандардот со разни ограничувања на нивоата на компресија, моќност од литар, да се намали бројот на вртежи, да с епромени составот на горивото... Многу поразумно е да се ограничи силата на 50-60кс по литар отколку да се олабавува стандардот, повторно во корист на Фолксваген, односно ај повеќе ќе загадуваме за Фолксваген (па и сите други) да печалат повеќе пари. Глупаво е.
Сепак треба да се фрли во оган малку електричната и хибрид технологијата за да има мотив да се развива. Сосем доволно е електромотор од 100-120кв и бензинско турбо моторче од 500 кубика закачено на предното лево тркало на возилото како бекап варијанта. Се надевам дека ќе видам ваква пракса додека сум жив на овој свет.
Иначе и најнов најмодерен турбодизел смрди и гуши, не гледам потреба од правење на тошо ради некаква си гордост на дизел технологијата. Многу е просто да се провери, излезете надвор и застанете зад некој дизел кој работи.