Планирам да купам Volkswagen Passat од 2005-та или 2006-та, па се двоумам помеѓу 1,9 TDI со 105 КС или 2,0 TDI со 140 КС..Слушнав дека 1,9 TDI е подобар избор, но се сомневам дека моторот е премногу слаб за тешката каросерија на Passat...
Одговор: Воопшто не се двоумете и изберете 1,9 TDI. Неговите перформанси се повеќе од доволни: 188 km/h и 12,1 s - што во практика изгледа многу поубедливо отколку на хартија. Овој мотор има само една оска и осум вентили. Помалку е механички оптоварен па затоа е и посигурен од 2,0 TDI кој има две оски и 16 вентили. Во суштина, станува збор за фризиран 1,9 TDI PD - го има истиот долен дел на моторот со коленесто вратило. 2,0 TDI троши значително повеќе гориво и масло од 1,9 TDI, кој е најдобариот турбо дизел мотор што Volkswagen го има произведено, но од него се откажаа бидејќи е скап, а PD системот за вбризгување (пумпа - инјектор), не можеше да ги исполни Euro 5 стандардите за заштита на животнатa средина. Важно е да се нагласи дека потребно е да користите моторни масла 5W-40, според спецификациите W505.01, кои имаат специјални дотатоци што ќе го намалат абењето на брегастата осовина - изложена на високи нивоа на површинско оптoварување.
LosiPatista